Имал шизофренија, мајка му молела да го сместат во институција: Кој е мажот што ладнокрвно уби девојка во воз во САД?
Трејси вели дека се однесувал како потполно друга личност кога излегол од затвор – не можел да разговара, станувал поагресивен, а и секојпат кога ќе најдел работа, го отпуштиле.
Трејси вели и дека нивното семејство „кренало раце“ од него, па колку што е правиот систем, според неа, толку се и тие одговорни за трагедијата.
Мајката на убиецот, Мишел Дуит, даде одделна изјава за ABC News, каде што потврдува дека син ѝ е дијагностициран со шизофренија, како и дека си го променил однесувањето откако последен пат излегол од затвор.
Вели дека бил поагресивен и честопати се расправал со неа. Додека живеел во нејзиниот дом, често се случувало и да си зборува самиот со себе.
Иако му била препишана терапија за шизофренијата, тој одбивал да ја прима.
Мишел и нејзиниот сопруг почнале да се загрижуваат за нивната безбедност, па го однеле убиецот во ментална институција.
Но, таму им рекле дека немаат место за него, како и дека не би можеле да го примат бидејќи не се заканувал дека ќе се повреди самиот.
Од болницата ѝ рекле дека не можат присилно да хоспитализираат некој ако не претставува опасност.
Мајка му вели и дека побарала судска наредба за син ѝ да иде хоспитализиран. Овој пат го примиле во болница, но по 14 дена го пуштиле на слобода и тој се вратил во нивниот дом.
Кога почнал да ја одбива терапијата, ситуацијата само се влошувала и мајка му и нејзиниот сопруг биле сериозно исплашени за својата безбедност.
„Веќе не можевме да се справуваме со него. Па, го оставивме во засолниште“.
Од ABC News пробале да стапат во контакт со засолништето, но не успеале да добијат изјава.
Мишел додава и дека изминативе неколку месеци го гледала син ѝ на улица, додека ќерка ѝ (Трејси) го имала забележувано и во јавен превоз.
Низ годините, убиецот имал низа прекршоци зад себе и бил уапсен вкупно 14 пати.
Последен пат бил уапсен во јануари годинава, кога повикал брза помош и тврдел дека полицијата му ставила некаков чип.
Според полицајците кои го уапсиле, тој им кажувал дека некој му ставил нешто и со тоа контролирал што јаде, како оди и како зборува.
Како што наведуваат неколку американски извори, тогаш се започнала постапка за да му се направи ментална евалуација, но биле потребни дури шест месеци за да се реализира.
На крај, не бил примен во институција, туку само потпишал изјава дека редовно ќе оди на контроли.
Декарлос бил уапсен кратко по убиството на Украинката и Ирина, а овој пат, веднаш му била направена ментална евалуација.
Според последните информации, следното сослушување на убиецот е закажано за 19-ти септември.
Неговата сестра, пак, вели дека нема оправдување за она што го направи, но ако надлежните реагирале соодветно и го сместеле во институција, трагедијата ќе била избегната.
Спирова С. | Црнобело