Бизарни љубовни афери што ги открил приватен детектив + најчестите изговори на луѓето што изневеруваат

„Една жена се сомневаше дека сопругот ѝ е неверен, и се покажа дека е во право. Во местото каде што живееја, тој имаше уште едно семејство. Кога го разоткрив, тој ѝ призна на сопругата дека аферата траела колку и нивниот брак и дека со жената има 2 деца и 7 внуци“, вели приватен детектив кој разоткрил преку 5.000 афери.

bizarni-ljubovni-aferi-shto-gi-otkril-privaten-detektiv-koi-se-najchestite-izgovori-na-lugjeto-shto-izneveruvaat-01.jpg

Британски приватен детектив, кој има 30 години искуство и чија специјалност е разоткривање вонбрачни афери, во својата кариера фатил преку 5.000 луѓе кои ги изневериле своите брачни партнери.

Во сите негови години работа, тој се соочил со многу обични, но и со премногу бизарни ситуации.

Па, иако повеќе од 3 децении поминал низ сè и сешто, за магазинот Metro, тој признава дека и сега се случува некој да го изненади со својата креативност и колку далеку оди за да не го фатат дека е неверен.

„Луѓето почнуваат да се сомневаат дека партнерот ги изневерува кога ќе почне да ги менува своите секојдневни навики - да го крие телефонот, да разговара тивко, да ја брише историјата на повици и пребарувања на Гугл, кога му се менуваат сексуалните желби или барања во кревет.

Многу мажи и жени, поттикнати од ова ги побарале моите услуги, за да им обезбедам докази и да го фатам нивниот брачен партнер на дело. И верувајте, интуицијата многу ретко може да ве излаже,“ рекол приватниот детектив.

Според неговото искуство, мажите изневеруваат водени од сексуалната желба и импулсот, а жените дури откако ќе развијат чувства за другата личност.

И многу од нив смислуваат неверојатни начини да изневеруваат, но аферата да остане тајна.

bizarni-ljubovni-aferi-shto-gi-otkril-privaten-detektiv-koi-se-najchestite-izgovori-na-lugjeto-shto-izneveruvaat-02.jpg

Детективот раскажал некои од најбизарните случаи кои ги имал во кариерата:

„Еднаш следев маж кој ја изневеруваше сопругата со објаснување дека оди да игра голф.

Го паркираше автомобилот пред голф клубот, па го криеше телефонот во околните грмушки, близу до теренот и потоа со такси одеше во хотел да се сретне со љубовницата.

А ако сопругата преку апликација провереше каде е - локацијата ќе покаже дека е на голф теренот“.

„Во друг случај, маж беше „врзан“ во инвалидска количка и живееше на вториот кат од куќата.

Ни требаше малку време да откриеме дека додека тој беше неподвижен во неговата соба, сопругата го изневеруваше со неговиот брат, на приземјето во семејната куќа.“

bizarni-ljubovni-aferi-shto-gi-otkril-privaten-detektiv-koi-se-najchestite-izgovori-na-lugjeto-shto-izneveruvaat-04.jpg

Според приватниот детектив, постојат многу луѓе кои не само што изневеруваат, туку живеат паралелен живот и имаат по две и повеќе семејства.

„Ми се јави пред неколку години сопруга на богаташ, која се сомневаше дека тој ја изневерува. Мажот имаше мал приватен авион и пилотска дозвола, па лесно му беше да живее двоен живот.

Следејќи го, дознав дека тој има уште две семејства, освен жената која ме ангажираше и дека секојпат кога ќе ѝ кажеше дека оди на службен пат, тој одеше да помине неколку дена со едното, па со другото семејство“.

„Една жена се сомневаше дека сопругот е неверен, и се покажа дека е во право. Во селото каде што живееја, тој имаше уште едно семејство.

Откако го разоткрив, тој ѝ признал на сопругата дека аферата траела скоро колку и нивниот брак и дека од таа афера има две деца и 7 внуци“, раскажал дететктивот.

bizarni-ljubovni-aferi-shto-gi-otkril-privaten-detektiv-koi-se-najchestite-izgovori-na-lugjeto-shto-izneveruvaat-03.jpg

Кои се најчестите изговори кои ги користат луѓето додека изневеруваат?

Според истражувањето на IllicitEncounters.com, најчестиот изговор е „деловно патување“.

На второ место е прекувремено работење и останување доцна во канцеларија, трети се семејни обврски, а потоа одење на фитнес.

На петтото место се луѓето кои почнуваат голема караница и револтирано излегуваат од дома, а шесто е „итна ситуација која мора да ја решат“.

Некои луѓе лажат дека ќе преспијат кај пријател, а некои излегуваат на многу долги прошетки со кучето.

А. Ј. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава