Џулијан Асанж е слободен човек - По 12 години правна битка и 2 деца добиени во заробеништво

„Џулијан Асанж е слободен човек“ - ова се насловите во светските медиуми, откако основачот на Викиликс, по 12 години правна борба, конечно успеа да се избори за сопствената слобода. По повеќе од една деценија, Асанж конечно ќе може да се врати во родната Австралија.

po-12-godini-pravna-bitka-i-2-deca-dobieni-vo-zarobenishtvo-djulijan-asanzh-konechno-e-sloboden-chovek-01.jpg

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (52) по петте години поминати во затвор и 12 години правна битка, конечно беше ослободен во понеделникот (24.06.2024).

Според извештаите во светските медиуми Асанж постигнал договор со властите во САД за обвиненијата за шпионажа и конечно беше ослободен од затвор, па ќе може да се врати дома во родната Австралија.

Асанж беше снимен како се качува во авион со кој ќе стигне во Тајланд. Тој бил ослободен од затворот Белмарш во Лондон, каде ги помина последните пет години, по што го пренеле на аеродром.

Во затворот тој поминувал по 23 часа дневно изолиран, во самица.

За конечно да биде ослободен, тој постигнал договор со властите во САД да се изјасни виновен само за едно обвинение за шпионажа.

А ослободителната пресуда најверојатно ќе ја добие од судот на малиот остров Саипан сместен во Тихиот Океан, кој е под управување на властите во САД.

po-12-godini-pravna-bitka-i-2-deca-dobieni-vo-zarobenishtvo-djulijan-asanzh-konechno-e-sloboden-chovek-02.jpg

Неговата сопруга Стела Асанж, со која се венча во 2021-ва година додека беше во затвор, објави претходно снимена видеопорака, во која нагласи дека на 19-ти јуни годинава навршиле точно 12 години од денот кога Асанж влезе во амбасадата на Еквадор, каде доби политички азил.

„Сега по 12 години го посетувам Џулијан во затвор со високо обезбедување, но уверена сум дека на овој период во нашите животи му дојде крајот и мислам дека следната недела Џулијан ќе биде слободен“ – вели Стела во видеото.

За потсетување, Џулијан Асанж се соочуваше со обвиненија за шпионажа и беше прогонуван од 2010-тата година кога неговата страница Викиликс објави стотици илјади доверливи документи за војните на САД во Авганистан и Ирак.

Прочитајте и Се гледале тајно во шатори, добија дозвола да се венчаат во затвор - Факти за цврстата љубов на Џулијан Асанж и Стела Морис

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Надал доби второ дете во тајност – синот доби име со емотивно значење за сопругата Откако се пензионира од професионалниот тенис, семејството на Надал се прошири –...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава