Сиромашен рудар од Индија ископа дијамант вреден 80.000 евра: „Парите ќе ги поделам со најблиските“

„Прво сакам да си ги исплатам долговите, а сè што ќе заработам од продажбата на дијамантот ќе го споделам со роднините“ – вели Индиецот, кој по 10 години копање и трагање, успеал да најде дијамант вреден 80.000 евра.

siromashen-rudar-od-indija-iskopa-dijamant-vreden-80-000-evra-parite-kje-gi-podelam-so-najbliskite-01.jpg

Понекогаш трудот се исплаќа, а понекогаш е потребна и малку среќа. Таква е приказната на сиромашниот рудар во Индија, кој 10 години напорно копал и работел во рудниците надевајќи се дека среќата ќе му се насмевне и ќе најде дијамант.

siromashen-rudar-od-indija-iskopa-dijamant-vreden-80-000-evra-parite-kje-gi-podelam-so-najbliskite-02.jpg

Денес во сите светски медиуми се пренесува веста за сиромашниот рудар Рају Гоунд, кој пред два дена нашол дијамант од 19,22 карати, вреден околу 80.000 евра.

Пана во Индија е познат по тоа што има големи резерви на дијаманти, па тамошното население честопати изнајмува евтини, плитки рудници од владата, во надеж дека ќе успее да пронајде вредни скапоцени камења.

Сè што ќе пронајдат овие луѓе, треба да ѝ го предадат на владата, која понатаму ги проценува скапоцените камења.

„Овие рудници се изнајмуваат по цена од околу 2-3 евра за одреден период“ – се појаснува во текстот на BBC, каде се нагласува дека е вистинска реткост да се најдат големи дијаманти.

siromashen-rudar-od-indija-iskopa-dijamant-vreden-80-000-evra-parite-kje-gi-podelam-so-najbliskite-05.jpg

Среќниот Индиец, пак, раскажува дека неговиот татко пред два месеци го изнајмил рудникот каде го нашол вредниот дијамант, и дека вообичаено изнајмуваат рудници во периодите додека немаат обврски околу земјоделството и градежништвото.

„Сиромашни сме и немаме други приходи. Почнавме да се занимаваме со ова, со надеж дека ќе успееме да заработиме пари“ – вели тој и додева дека ги слушал приказните за другите луѓе кои нашле дијаманти и се надевал дека и нему ќе му се насмевне среќата.

siromashen-rudar-od-indija-iskopa-dijamant-vreden-80-000-evra-parite-kje-gi-podelam-so-najbliskite-09.jpg

Во средата (24.07) тој отишол во рудникот и почнал рачно да копа и да трага по скапоцени камења.

„Тоа е тешка работа. Копаме дупка, ја вадиме земјата измешана со камења, па ја миеме преку сито, и внимателно пребаруваме низ стотиците засушени, мали камчиња и трагаме по дијаманти“ – раскажува тој.

siromashen-rudar-od-indija-iskopa-dijamant-vreden-80-000-evra-parite-kje-gi-podelam-so-najbliskite-07.jpg

Но, тоа попладне тешката и напорна работа му се исплатила, кога нашол огромен дијамант.

„Пребарував низ камењата и видов нешто што наликуваше на парченце стакло.

Го погледнав одблиску и видов дека има сјај. Ми стана јасно дека сум нашол дијамант“ – појаснува Рају.

Дијамантот потоа бил измерен и проценет од властите. Скапоцениот камен треба да биде продаден на следната владина аукција на дијаманти, по што среќниот наоѓач ќе го добие својот дел.

Но, Рају ќе треба да ѝ плати дел на државата и да ги исплати и даноците.

siromashen-rudar-od-indija-iskopa-dijamant-vreden-80-000-evra-parite-kje-gi-podelam-so-najbliskite-06.jpg

На прашањето, што сака да направи со парите што ги заработи, тој вели дека желба му е да изгради поубава куќа за семејството и да го плати образованието на децата, но најпрво целта му е да го исплати долгот од околу 5.500 евра.

Инаку, Рају вели дека не се плаши од тоа што луѓето ќе дознаат колку пари заработил, затоа што целта му е да ги подели парите со своите 19 роднини со кои живее.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава