Познати личности кои се откажаa од кариерата за да им се посветат на децата

Мет Лебланк, Ева Мендез - многу светски ѕвезди си ги смениле приоритети откако станале родители...

poznati-licnosti-koi-se-otkazale-od-karierata-za-da-im-se-posvetat-na-svoite-deca-01_copy.jpg

Секој родител знае дека раѓањето на детето претставува огромна промена во животот, а приоритетите драстично се менуваат. 

Работите не се поинакви ниту кај познатите. 

Прочитајте кои светски познати актери и актерки привремено или целосно се откажале од кариерата за да се посветат на семејството:

Кристина Агилера

Една од најдобрите поп-пејачки на сите времиња, Кристина Агилера, доживеа голема промена во животот кога стана мајка.

Во 2005 годин Кристина се омажи за експертот за маркетинг, Џордан Братман, а 2008 година, парот го доби своето прво дете, синот Макс. 

Иако не престана да пее, Кристина се откажа од интензивната музичка турнеја и продукција за да се посвети на мајчинството.

Шест години по раѓањето на синот, Кристина ја доби ќерката Самер со продуцентот и музичар, Метју Ратлер. 

Со текот на времето, како што растеа децата, пејачката успешно ги балансираше кариерата и родителството, а денес успешно се справува и со двете. 

poznati-licnosti-koi-se-otkazale-od-karierata-za-da-im-se-posvetat-na-svoite-deca-02.jpgфото: Инстаграм

Мет Лебланк

Познатиот актер, кој се прослави со улогата Џои во култната серија Friends, живее мирен живот, далеку од сјајот и славата со кои некогаш бил опкружен.

Актерот се повлече од јавноста поради неговата ќерка Марина Перл, на која ѝ беше дијагностицирана кортикална мозочна дисплазија, само осум месеци по нејзиното раѓање.

Лебланк денес ужива во своето импресивно богатство од 80 милиони долари, кое го стекна благодарение на серијата и времето го минува со семејството, а ретко прифаќа улоги.

Ева Мендес

Американската актерка позната по својата убавина, талент и шарм, ја започна кариерата кон крајот на 1990-тите.

Голема популарност стекна со нејзините улоги во филмовите Training Day, 2 Fast 2 Furious и Hitch.

Во 2014 година, Ева и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Гослинг ја добија ќерката Есмералда, а брзо потоа и ќерката Аманда, по што таа ја стави кариерата на пауза и се посвети на мајчинството.

Честопати на социјалните мрежи Мендес го споделува своето искуство за мајчинството и важноста на родителската улога, нагласувајќи како децата станале нејзин приоритет и извор на среќа.

poznati-licnosti-koi-se-otkazale-od-karierata-za-da-im-se-posvetat-na-svoite-deca-03.jpgфото: Инстаграм

Лиза Боне

Американската актерка Лиза Боне ја започна својата кариера како модел, а стана позната по улогата на Дениз Хакстабл во популарната хумористична серија The Cosby Show во текот на 80-тите. 

На врвот на нејзината кариера, Лиза стана мајка и беше принудена да ја стави кариерата во мирување.

Заедно со музичарот Лени Кравиц ја имаат ќерката Зое, а со актерот Џејсон Мамоа има уште две деца.

По раѓањето на децата продолжила да глуми повремено, но мајчинството ѝ било секогаш на прво место.

poznati-licnosti-koi-se-otkazale-od-karierata-za-da-im-se-posvetat-na-svoite-deca-04.jpg
фото: Инстаграм

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава