Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Меланија Трамп

По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на социјалните мрежи на училиштето, тој никогаш не се фотографирал со своите врсници и е единствениот кој никогаш не бил спомнат во училишниот алманах. Зошто Барон Трамп е поинаков од своите врсници?

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-01.jpg

Единствениот син на некогашниот претседател на САД, е вистинска енигма уште од детството.

Причината за ова е што Меланија се трудела да ја заштити неговата приватност од медиумите и папараците уште од неговото раѓање, а тоа не е сменето ни денес, 18 години подоцна.

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-06.jpg

Но, во екот на претседателската кампања, кога Доналд Трамп се бори за вториот мандат во Белата куќа, Барон повремено се појавува со своите родители во јавноста.

Овој 18-годишник неодамна матурираше во училиштето Оксбриџ на Флорида и наскоро ќе тргне на колеџ, иако и таа информација се чува во тајност, исто како и скоро сè што е поврзано со него.

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-07.jpg

Сепак, неколку негови соученици, открија интересни тајни поврзани за времето кога учеле заедно. Според нив, образованието на Барон не течело така мазно како она на другите деца.

Од првиот момент кога дошол во училиштето, Барон бил третиран поинаку од неговите врсници.

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-04.jpg

Тој секаде одел со припадници на тајната служба, агенти кои ги „наследил“ од татко му, откако на Доналд му заврши мандатот во Белата куќа, но не и обезбедувањето што го добива тој и неговото семејство како некогашен претседател на земјата.

Тајната служба внимателно го следела секој чекор на Барон, а заради негова безбедност, тој добил забрана да користи социјални мрежи.

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-05.jpg

Уште поневеројатно е што тој не смеел да го користи своето вистинско име, туку се претставувал како Џек.

Иако наставниците и учениците знаеле дека тој оди во нивното училиште, сите му се обраќале со лажното име.

За да се спречи неговите лични податоци да стигнат до медиумите, било одлучено секаде и во сите записи постојано да се користи псевдонимот Џек.

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-02.jpg

По барање на мајка му, неговото име и ликот не смееле да се спомнат на социјалните мрежи на училиштето, тој никогаш не се фотографирал со своите врсници и е единствениот кој никогаш не бил спомнат во училишниот алманах.

Неговата приватност била толку добро заштитена, што не смеел да оди сам ни во тоалет, туку го следел барем еден телохранител.

se-shkoluval-pod-lazhno-ime-ne-smeel-sam-da-odi-ni-vo-toalet-tazhniot-zhivot-na-sinot-na-donald-i-melanija-tramp-03.jpg

Неговите соученици велат дека „Џек“ сепак бил воспитан и шармантен, но многу мистериозен - не одел на забави, родендени, никогаш не јадел со нив, не учествувал во активности карактеристични за средношколците.

Тие не можат да потврдат ни дали Барон имал девојка додека одел на училиште, а ако имал, тоа било добро скриено, исто како и сè останато поврзано со него.

„Штета што немаше нормален живот како нас“, рекол еден од неговите соученици.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg