Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот

Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се дозна дека биле во хомосексуална врска. Една од принцезите 3 години беше во затвор затоа што јавно се залагала за правата на жените – Колку тежи кралското семејство на Саудиска Арабија и кои тајни ги крие?

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-01.jpg

Иако британското кралско семејство можеби е најпознато во целиот свет, нивното богатство не може да се спореди со она што го поседува Куќата Сауд, односно кралското семејство на Саудиска Арабија.

Благодарение на богатитите резерви со нафта, се проценува дека владејачкото семејство во земјата денес поседува богатство од околу 1,4 трилиони долари, a јасно е дека таму каде што се во игра огромни пари, често има и мрачни тајни и контроверзии.

Иако се чини дека ова семејство може благодарение на својата моќ да ги замолкне сите што сакаат да пишуваат против него, сепак, голем број скандали стигнале до западните медиуми.

Интересно е тоа што во Саудиска Арабија има околу 22.000 претставници на кралските семејства, од кои 7.000 се принцови.

Владејачкото семејство брои околу 15.000 членови, но се смета дека најголемата моќ ја поседуваат околу 2.000 лица.

Во продолжение издвојуваме некои од најмрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот:

Владетел на Саудиска Арабија е Салман бин Абдулазис Ал Сауд, кој на оваа позиција е од 2015-та година, а негов наследник е принцот Мохамед бин Абдулазис, кој е негово седмо дете, а го нарекуваат уште и „крвавиот принц“.

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-02.jpg

Еден од поголемите скандали во кој беше вклучен престолонаследникот е од 2017-та година, кога околу 200 принцови и богати саудиски бизнисмени по негова наредба биле ставени во куќен притвор во луксузен хотел.

Наводно, вечерта притворените биле врзани и претепани и од нив било побарано да префрлат големи суми пари од офшор сметките на сметка на кралското семејство.

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-04.jpg

Во 2018-та година за првпат на жените им беше дозволено да возат и оваа одлука беше поздравена и се сметаше за големо достигнување на принцот Мoхамед.

Но, потоа се разоткри дека тој ја донел одлуката откако се нашол под огромен притисок на жени активистки, кои непосредно пред менувањето на законите биле уапсени и држени во затвор.

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-25.јпг_resize.jpg

Иако во семејството има околу 5 жени кои играат важни улоги, една од нивните најблиски членови, саудиската принцеза Басма бинт Сауд со години наназад им беше „трн“ во нога, па заради тоа помина цели 3 години во затвор заедно со ќерка ѝ.

Басма е внука на првиот владетел на Саудиска Арабија, и ќерка на вториот, а со години се бори за правата на жените во земјата.

Таа се најде среде најголемиот скандал во 2013-та година кога непознат хакер влегол во Фејсбук профилот на нејзин пријател и ги снимал приватните разговори што таа ги водела со „него“.

Таа била уценувана да плати 320.000 долари доколку не сака да излезат на виделина снимките, со што не се согласила, а потоа било објавено видео од 40 секунди на кое испраќа бакнежи со откриена глава.

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-05.jpg

Во 2010-та година саудискиот принц Сауд бин Абдулазис бин Наср, кој е внук на моменталниот владетел беше осуден на доживотна затворска казна откако го убил својот слуга Бандар Абдулазис во хотелска соба во Лондон.

Овој случај разоткри уште една мрачна тајна на внукот на кралот кој тврдеше дека има девојка во Саудиска Арабија.

Се дозна дека тој е хомосексуалец, кој редовно се изживувал врз својот слуга, со кого наводно истовремено бил и во сексуална врска.

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-09_copy.jpg

Иако во Англија бил осуден на доживотна казна затвор, во 2013-та принцот се вратил во Саудиска Арабија како дел од програмата за размена на затвореници.

glasini-za-ubistva-siluvanja-i-diveenje-mrachnite-tajni-na-najbogatoto-kralsko-semejstvo-vo-svetot-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава