Исповед на жена: „Ме силуваа на 62 години, мислев дека само младите девојки се жртви“

ispoved-na-zhena-me-siluvaa-na-62-godini-mislev-deka-samo-mladite-devojki-se-zhrtvi-05.jpg

Кога сфатив дека не можам да побегнам, само се исклучив. Се чувствував како да гледам како силувањето му се случува на некој друг. Кога заврши, ме остави на подот и ме праша дали сакам уште една шолја чај, како ништо не се случило. Брзо си ја собрав долната облека и почнав да бегам, а тој ми се смееше“ – раскажува оваа жена.

Како и голем број други жртви и Табита прво чувствувала срам. „Што направила за да го натера соседот да ја силува, зошто влегла во неговиот дом?“

Таа не отишла веднаш да го пријави силувањето, затоа што прво самата мислела дека направила нешто со што го заслужила тоа што ѝ се случило, а потоа следувале неколку месеци кои биле вистински хорор за неа.

Табита почнала да стравува да излезе од дома, а ѝ се гадело од самата помисла на секс со партнерот.

ispoved-na-zhena-me-siluvaa-na-62-godini-mislev-deka-samo-mladite-devojki-se-zhrtvi-07_copy.jpg

Иако прво се обидувала да прикрие дека нешто се случува и се обидувала животот да ѝ продолжи како и претходно, една вечер не можела да издржи повеќе ѝ сè му признала.

Односот со партнерот дополнително ѝ се влошил неколку месеци подоцна кога по големите болки во стомакот и болките при уринирање, направила тестови и открила дека има гонореја и таа и партнерот заедно мора да примаат антибиотици.

„Сè уште имав фобија од интимни односи и ме нервираше што тој од мене очекуваше да се однесувам најнормално, па така една вечер кога влегов во спалната соба гола, а партнерот ми рече дека изгледам како да сум расположена за интимни односи, не можев повеќе да издржам и му кажав дека е крај“ – вели таа.

ispoved-na-zhena-me-siluvaa-na-62-godini-mislev-deka-samo-mladite-devojki-se-zhrtvi-03_copy.jpg

Табита веќе неколку месеци оди на терапии, а се среќава и со други жртви на нејзина возраст, но нападот си оставил последици.

„Веќе не сакам да бидам сама со маж што не го познавам. Пред неколку месеци дојде електричар и викнав пријателка да седи со мене. Секој неочекуван физички контакт ме плаши, сакам да си заминам од куќата каде што живеам, но си ја сакам градината, пријателите и животот што го изградив овде. Зошто јас морам да си одам одовде?“ – вели таа.

Инаку, Табита сè уште не го пријавила соседот за силување во полиција, а живее во надеж дека токму заради тоа тој ќе ја остави на мир и нема да ја вознемирува.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава