Апокалиптични сцени од поплавите во Шпанија: Валенсија под вода, луѓе се спасуваат со хеликоптери

Поради обилни врнежи, делови од Шпанија се под вода - на застрашувачките видеа и фотки споделени на Твитер се гледаат луѓе заробени во нивните домови и автомобили, но и улици претворени во реки.

apokaliptichni-sceni-od-poplavite-vo-shpanija-ulici-pretvoreni-vo-reki-lugje-se-spasuvaat-so-helikopteri-01.jpg

Во вторникот (29.10), делови на југот и истокот на Шпанија беа погодени од обилни врнежи кои резултираа со поплави.

Едно од најпогодените места е градот Валенсија, каде што, како што пренесува CNN, улиците биле претворени во реки, а водата измешана со кал носела автомобили, но и направила сериозна штета на многу градби.

Утрово (30.10), шпанските власти известија дека биле најдени и мртви тела.

Според Sky News, во поплавените делови од земјата има најмалку 13 мртви, вклучувајќи и деца, додека најмалку шест лица се водат за исчезнати.

Само во гратчето Летур, над 30 луѓе останале заробени откако водата од реката прелила од коритото, а некои се држеле и за дрвја за да се спасат.

Властите испратиле хеликоптери за да можат да ги евакуираат заробените граѓани.

Според прогнозите, врнежливото време во Шпанија се очекува да продолжи и утре.

Експертите, пак, истакнуваат дека ваквите екстремни временски услови веројатно се поради климатските промени предизвикани од луѓето.

Метеоролозите веруваат дека зголемувањето на просечната температура на Медитеранот предизвикува поголемо испарување на водата, што, пак, води до пообилни дождови како овој во Шпанија.

На Твитер се споделуваат фотографии и видеа од катастрофата во Шпанија, на кои се гледа размерот на поплавите.

Дел од објавите во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава