Бизарни и непријатни моменти на Super Bowl 2025 + најсмешните мемиња за настанот
- Детали
- понеделник, 10 февруари 2025
Публиката ја исвирка Тејлор Свифт, а нејзината реакција веќе стана меме. Настапот на Кендрик Ламар, пак, е опишуван како најлош во историјата на Super Bowl. Како помина најпопуларниот спортски настан во САД?

Синоќа (09.10) во Њу Орлеанс се одржа годинешното издание на Super Bowl – најпопуларниот спортски натпревар во САД.
Традиционално, на полувремето на натпреварот настапуваат познати музичари, а ова го прави настанот привлечен за гледачи од целиот свет.
Во публиката, пак, секогаш има некои од најпознатите луѓе во светот, како Тејлор Свифт и Доналд Трамп.
Годинава, главната музичка ѕвезда на полувремето беше Кендрик Ламар, а со него на сцена се качи и американската пејачка SZA.
На големо изненадување на сите, на сцената застанаа и актерот Семјуел Л. Џексон и тенисерката Серена Вилијамс.
Настапот можете да го изгледате ТУКА.
Настапот на Кендрик се соочи со критики и многумина го опишуваат како „најлошиот во историјата на Super Bowl“.
Впрочем, и целиот настан не предизвика некое воодушевување кај публиката, иако имаше неколку моменти за кои многу се дискутираше.
Покрај полувремето, важен дел од настанот се и рекламите, па наголемо се зборува и за нив.
Моменти што го одбележаа Super Bowl 2025:
Дечкото на Тејлор Свифт – Тревис Келце – играше на натпреварот и неговиот тим изгуби, а по натпреварот беше забележан со насолзени очи.
Тејлор, пак, беше исвиркана од публиката додека навиваше за дечко ѝ и од снимките е очигледно дека се чувствува непријатно.
Пред натпреварот, Тревис се појави во ретро аутфит на чија сметка беа направени многу шеги.
Том Круз се појави во Super Bowl реклама и она што привлече внимание не беа неговите зборови, туку неговиот изглед.
Кожата на лицето на актерот изгледа премногу затегнато и се шпекулира дека има направено пластична операција.