Дел од најголемите трагедии со пожари од поново време

Пожарот во фабрика за играчки во Тајланд – 1993 година

До денес, ова важи за најсмртоносниот пожар во фабрика на сите времиња.

Во фабриката за играчки Kader во 1993 година, во пожар настрадале 188 работници, а над 500 биле повредени.

Се верува дека пожарот настанал од електрична инсталација, а поради лесно запаливите материи, сите три згради на фабриката пламнале за само неколку минути.

del-od-najgolemite-tragedii-so-pozhari-od-ponovo-vreme-06.JPG

Излезите за итни случаи биле заклучени или блокирани, додека целата фабрика била монтирана од евтини материјали, па брзо се срушила врз заробените работници.

Притоа, многуте работници работеле во мал простор и евакуацијата била практично невозможна.

Во фабриката немало никаков систем за гаснење пожар, ниту аларм.

Поради оваа трагедија, на виделина излегоа опасните услови во кои работат работниците во Тајланд.

del-od-najgolemite-tragedii-so-pozhari-od-ponovo-vreme-07.JPG

Пожарот во дискотека во Перм, Русија – 2009 година

Пожарот од 2009 година, во дискотека во рускиот град Перм, се смета за еден од најсмртоносните во Русија.

Загинале 156 лица, а над 100 биле повредени, од кои повеќето биле млади.

Дискотеката се наоѓала под земја и имала низок таван, а немало никакви безбедносни протоколи, како излези за итни случаи.

Имала мал капацитет, но внатре имало над 300 гости.

del-od-najgolemite-tragedii-so-pozhari-od-ponovo-vreme-08.JPG

Ноќта кога се случила трагедијата, се прославувал осмиот роденден на дискотеката, па имало и пиротехника.

Искрите од пиротехниката ги запалиле декорациите на нискиот таван, а бидејќи целиот ентериер бил од дрво и пластика, пожарот брзо се проширил.

Кога гостите сфатиле дека има пожар, се создало стампедо при што загинале многумина.

Од пластиката, пак, почнале да испаруваат штетни гасови и за неколку минути, многу гости се задушиле.

Од дискотеката имало само еден излез, па додека да дојдат пожарникарите, веќе било предоцна.

del-od-najgolemite-tragedii-so-pozhari-od-ponovo-vreme-09.JPG

Пожарот на свадба во Ирак во 2023 година

Една од поновите трагедии се случи во Ирак, за време на свадбена прослава.

На свадбата присуствувале околу 900 гости, од кои 150 биле повредени, додека над сто луѓе загинале.

Пожарот почнал од пиротехника, а бидејќи салата била направена од евтини и лесно запаливи материјали, огнот брзо се проширил.

Во првите информации за трагедијата, беше наведено дека загинале и младенците. Сепак, подоцна беше соопштено дека го преживеале пожарот.

del-od-najgolemite-tragedii-so-pozhari-od-ponovo-vreme-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава