Еруптираше вулкан на Бали - исфрли пепел во висина од 8km, повредено е едно лице и откажани се летови

Истиот овој вулкан еруптираше и минатата година, кога ги облеа околните села со врели камења и лава, а тогаш загинаа 9 лица.

eruptirashe-vulkan-na-bali-isfrli-pepel-vo-visina-od-8km-povredeno-e-edno-lice-i-otkazhani-se-letovi-01_copy.jpg

Бали, една од омилените дестинации и на Македонците, се наоѓа на таканаречениот „огнен прстен“, подрачје на кое има многу сеизмички активности, но и скоро 130 активни вулкани.

Еден од нив, вулканот Левотоби Лаки-лаки, еруптираше ноќеска, по што исфрли облаци од пепел високи 8km, открија локалните власти.

Ерупцијата на вулканот се случи по десетина помали ерупции кои почнаа на 13 март.

Националната геолошка агенција предупредува на нови „поплави“ од лава.

Тие потврдиле дека при првата евакуација на населението, е повредено едно лице.

Засега не се знае точно колку луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови, за да ја избегнат опасноста која следува - и поради можноста за нова ерупција и поради воздухот кој е преполн со пепел исфрлен од вулканот.

Како резултат на високиот облак од пепел, неколку авиокомпании веќе ги откажаа своите летови за Бали, иако локалниот аеродром, барем за сега, е отворен.

На Твитер се споделуваат фотографии и видеа од ерупцијата на вулканот, а некои од нив велат и дека исфрлениот пепел бил цели 16,2km над морското дно.

Истиот овој вулкан еруптираше и минатата година, кога ги облеа околните села со врели камења и лава, а тогаш загинаа 9 лица.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета ... Иако должела повеќе од 2 милиони долари, поранешната сопруга на принцот Ендру жи...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...

Најчитани неделава