Приказната за Мао Јин: Дете од Кина, киднапирано на враќање од градинка, било пронајдено по 32 години

Koшмарот траел 3 децении, а неговата мајка ги превртела небото и земјата за да го пронајде. Во меѓувреме помогнала на 29 други семејства да си ги најдат исчезнатите деца.

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-01.jpg

Тоа што започнало како обична прошетка од градинка до дома, се претворило во 30-годишен кошмар за семејството на Мао Јин, откако нивниот син Мао бил киднапиран во Сиан, Кина, во 1988 година.

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-04.jpg

Цели 32 години, неговите родители живееле со болката и неизвесноста, незнаејќи што се случило со нивниот син.

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-02.jpg

Неговата мајка, Ли Џингжи, ја напуштила работата и започнала неуморна потрага, испраќајќи повеќе од 100.000 летоци и појавувајќи се во бројни телевизиски емисии.

Со својата одлучност, Ли започнала движење што помогнало на најмалку 29 други семејства да ги пронајдат своите исчезнати деца, претворајќи ја во една од најпознатите и најсакани личности во Кина.

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-07.jpg

Во 2020 година, по повеќе од три децении, еден податок ги навел властите до човек кој како дете бил продаден и сега живеел во Мианјанг.

Со помош на технологија за препознавање лица и ДНК тест, било потврдено дека тоа бил Мао Јин.

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-05.jpg

Живеел на 600 километри далечина од своето семејство.

Долгоочекуваното повторно обединување се случило само неколку дена по Денот на мајката, со трогателни фотографии што го прикажуваат нежниот момент кога мајката и синот повторно се сретнале.

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-09.jpg

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-06.jpg

prikaznata-za-majo-jin-dete-od-kina-kidnapirano-na-vrakjanje-od-gradinka-bilo-najdeno-po-32-godini-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава