Исповед на нудистка: „Јас сум нормална 42-годишна мајка, но решив понекогаш да го живеам животот гола“

Една година по тој одмор, бев на Крф со пријателка и се соблековме топлес на плажа – но не беше тоа тоа. Пред да наполнам 40 години, дојдов до идеја и ѝ ја предложив на другарка ми.

Резервиравме карти за во Шпанија и решивме дека ќе одиме на плажа како нудисти. Не беше лесно како што мислевме, сепак, цел живот сме го поминале во ултра-конзервативната Британија, каде голите тела се сексуализираат и слично…

Седевме на песокот, собиравме храброст и правевме план. Синхронизирано, се соблековме голи и со смеење се затрчавме кон морето.

Беше многу енергично и не замислував дека ќе биде толку добро чувството. Капење во море гола, под Месечина, ми беше најдобриот роденден.

Кога се вративме, им раскажав на сите и иако ме гледаа чудно, не ми беше гајле, јас бев ослободена. Си направивме и неколку фотографии за спомен, па кога синовите ми ги видоа се шокираа и бараа да ги покријам.

Знаев дека ова не можам да го правам на британските плажи, па решив ова задоволство да си го дозволувам за моите родендени.

Сепак, иако ми се допаѓа искуството, уште не сум стигната до фазата на натурист и да бидам гола цело време секаде, но овие мини бегства каде сум сосема гола се многу освежувачки и влијаат добро на моето ментално здравје“.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Јас сум мајка на 4 деца и чувствував дека не треба да носам секси облека, но моето мислење се проме... „Јас некогаш чувствував дека како мајка на четири деца не треба да носам секси о...

Најчитани неделава