Мрачната приказна за племето „Каро“, во кое бебиња биле убивани од најбизарни причини

Децата, ако биле родени како близнаци, со албинизам или некаков деформитет, дури и само ако прво им никнеле горните заби пред долните, тие во ова племе се сметале за „минги“. Проколнати. Нечисти. И биле осудувани на смрт од старешините. Мајките немале право на глас.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-01.jpg

Во зафрлените предели на југозападна Етиопија, во долината на реката Омо, постојат племиња кои до неодамна практикувале „минги“ - древен, страшен обичај на ритуално убивање на новороденчиња и деца.

Таква е ситуацијата во племето Каро.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-04.jpg

Племето Каро е едно од најмалите, но и највпечатливите племиња кои живеат во долината на реката Омо во југозападна Етиопија.

Каро е полуномадско племе – одгледуваат добиток, но и се занимаваат со земјоделство, особено долж реката Омо каде што одгледуваат пченка и грав. Зависат од реката за наводнување.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-08.jpg

Во ова племе често се вршеле убиства на бебиња кои се сметале за проколнати.

Во ова племе за тоа кое бебе е „минги“, што значи проколнат или нечист, одлучувал советот на старешини.

Мајките на бебињата немале право на збор и не можеле да ги одбранат своите деца, осудени на смрт.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-06.jpg

Невозможно е дури и да се замисли агонијата низ која поминувале очајните жени чии деца биле осудени на смрт.

Оттаму има низа бизарни приказни.

На пример, една жена од оваа заедница родила пет деца, но три веднаш по породувањето морала да ги остави во шума, каде што ги јаделе диви ѕверови или ги растргнувале гладни крокодили.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-05.jpg

Овие деца дошле на свет без одобрување од старешините и поради тоа биле веднаш отфрлени, како „минги“.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-09.jpg

Ако се родени како близнаци, со албинизам или некаков деформитет, дури и со навидум безопасна „мана“, како што е никнување на горните заби пред долните, децата во ова племе се сметале за „минги“. 

Не се сметале за луѓе и старешините сметале дека не заслужувале да живеат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Свекрва ѝ ја застрелала 12 пати поради љубомора: Детали за убиството на поранешна мисица од Мексико На морничаво видео од безбедносна камера во домот на убиената мисица се слуша ка...
Жена му починала од рак, сам се грижи за две ќерки: Тажната (и инспиративна) приказна на астронаутот... „Отидов со моите ќерки на прошетка и им реков ’Овде е тестаментот и овде се сите...

Најчитани неделава