Жена му починала од рак, сам се грижи за две ќерки: Тажната (и инспиративна) приказна на астронаутот кој оди кон Месечината

„Отидов со моите ќерки на прошетка и им реков ’Овде е тестаментот и овде се сите потребни документи ако ми се случи нешто‘“ – сподели астронаутот Рид Вајзман кој е командир на мисијата Артемида 2 и моментално е на пат кон Месечината. Тој е самохран татко и вдовец чија сопруга починала во 2020-та од рак.

zhena-mu-pochinala-od-rak-sam-se-grizhi-za-dve-kjerki-tazhnata-i-inspirativna-prikazna-na-astronautot-koj-odi-kon-mesechinata01.jpg

Астронаутите Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен се на историска мисија до Месечината.

И, секој од нив е импресивна личност на која можеме да се огледаме.

zhena-mu-pochinala-od-rak-sam-se-grizhi-za-dve-kjerki-tazhnata-i-inspirativna-prikazna-na-astronautot-koj-odi-kon-mesechinata-02.JPG

Кристина Кох кој е специјалист на мисијата е првата жена која е дел од лунарна мисија.

Виктор Гловер е пилот кој беше дел и од мисијата Crew-1 на SpaceX, а сега и првата личност со темна кожа која ќе оди подалеку од орбитата на Земјата.

Џереми Хансен е астронаут од Канадската вселенска агенција, па тој е првиот астронаут кој не е Американец, а кој оди на лунарната мисија.

Командир на мисијата е Американецот Рид Вајзман кој покрај импресивната кариера, почна да привлекува внимание и со приватниот живот.

zhena-mu-pochinala-od-rak-sam-se-grizhi-za-dve-kjerki-tazhnata-i-inspirativna-prikazna-na-astronautot-koj-odi-kon-mesechinata-07.JPG

Имено, Рид е вдовец и самохран татко на две ќерки. За него ова е втор вселенски лет, а вели дека некогаш се чувствува себично поради неговата професија.

„Јас сум самохран татко на две ќерки… Ќе беше многу полесно ако викендите ги поминував дома гледајќи фудбал.

Мојата професија како астронаут доаѓа со стрес и анксиозност и некогаш се чувствувам ’себично‘ поради влијанието врз моето семејство.

Но, истовремено, ние сме четворица астронаути кои се во положба да одат и да истражат нешто што е уникатно и ретко во оваа цивилизација“, сподели астронаутот.

zhena-mu-pochinala-od-rak-sam-se-grizhi-za-dve-kjerki-tazhnata-i-inspirativna-prikazna-na-astronautot-koj-odi-kon-mesechinata-2.JPG

Што знаеме за него и неговото семејство?

Рид Вајзман бил фасциниран од ракети уште на 10-годишна возраст. Тогаш купувал модел од локална продавница за хобија, самиот им правел мотори и ги лансирал.

Кога неговиот постар брат се запишал на американската воено-поморска академија, тој го посетувал за да може да гледа летови на воени авиони.

Во 1993 година завршил средно, а потоа станал пилот во американската морнарица.

zhena-mu-pochinala-od-rak-sam-se-grizhi-za-dve-kjerki-tazhnata-i-inspirativna-prikazna-na-astronautot-koj-odi-kon-mesechinata-04.JPG

По две мисии во Ирак, тој станал тест пилот на база за тестирање и развој на авијациски системи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg