Жена му починала од рак, сам се грижи за две ќерки: Тажната (и инспиративна) приказна на астронаутот кој оди кон Месечината
Неговата приказна со НАСА почнува во 2000-тите, кога бил избран да стане дел од астронаутска програма.
Рид бил еден од деветмина избрани, во огромна конкуренција – се пријавиле дури 3.500 пилоти.
Во 2009 година почнал да работи за НАСА, а пет години подоцна го имал и својот прв вселенски лет – 165-дневна мисија до Меѓународната вселенска станица.
Овде Рид извел две вселенски прошетки и стотици научни експерименти.
Додека ја градел својата кариера, Рид имал безрезервна поддршка од сопругата Керол и нивните две ќерки.
Но, кратко по враќањето од вселената, животот на Рид драстично се променил.
Неговата сопруга Керол била дијагностицирана со рак и ја изгубила битката со болеста во 2020 година.
Само еден месец претходно, Рид ја изгубил и мајка му која имала Алцхајмерова болест.
Па, тој бил единствената личност која може да се грижи за неговите ќерки.
Додека Керол била болна и кратко по нејзината смрт, Рид правел пауза од летање и имал канцелариска работа во НАСА.
Но, кога во 2022-ра повторно почнал да лета, добил понуда за можност која ретко кој би ја пропуштил – патување до Месечината.
Откако станал самохран татко, Рид малку поразлично ги гледал вселенските патувања. Сепак, ова е ризичен подвиг и сфатил дека ќе мора добро да ги подготви неговите ќерки кои се на возраст од 20 и 17 години.
„Отидов на прошетка со моите ќерки и им реков ’Овде се наоѓа тестаментот, овде се потребните документи, ако нешто ми се случи, знаете што ќе се случи со вас‘.
Тоа е само дел од животот“, сподели Рид на прес-конференција на НАСА.
Рид има и татко – 83-годишниот Бил Вајзман – кој боледува од рак. Кога Рид беше избран за лунарната мисија на НАСА, татко му изјави:
„Сакам да доживеам да го видам лансирањето“.
И, желбата му се исполнила – и покрај проблемите со здравјето, Бил, заедно со двете внуки, го гледал лансирањето од вселенскиот центар Кенеди.
Спирова С. | Црнобело
