Мрачната приказна за племето „Каро“, во кое бебиња биле убивани од најбизарни причини

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-07.jpg

До 2014 година, во просек годишно се убивале околу 300 деца во племенските заедници кои го практикувале овој страшен ритуал.

Мајките ништо не се прашувале. Често, дури биле принудени и да учествуваат во тој ужас.

Во минатото, имало обиди за искоренување на овој суров обичај, но тој повторно се појавил и тоа не само во ова племе, туку и во други етиописки племиња. Сè до крајот во 2014-та година.

Ако поглаварите проценеле дека новороденчето „не треба да живее“, ќе го оставеле некаде во грмушките да го изедат животни или да умре од глад и жед. Често ги фрлале во реката.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-14.jpg

Поголемите деца ги хранеле насила со земја за да се задават или ги фрлале од карпи право во устите на крокодилите.

Во хоророт кој во цивилизирани култури не може ниту да се замисли, а не пак да се толерира, учествувале сите – родителите, пријателите на семејството, останатите членови на племето.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-13.jpg

Оние мајки што ќе се осмелеле да побегнат со своето дете или одбивале да го предадат на џелатите, биле осудени на прогон и никогаш повеќе не смееле да се вратат.

За жал, малку мајки имале можност за бегство, бидејќи веќе имале едно или повеќе деца кои живееле во селото.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-12.jpg

Една од оние што побегнала е и Буко Балгуда од племето Каро. Родила 15 деца – седум синови и осум ќерки. Ниту едно не преживеало.

Сите биле убиени веднаш по раѓањето, бидејќи племенските старешини ги прогласиле за проколнати. Причината била што Буко не ја почитувала традицијата. Всушност, не таа, туку нејзиниот сопруг.

Пред да се ожени, тој одбил да учествува во прескокнувањето на бикови - ритуал на иницијација во светот на возрасните.

tazhnata-prikazna-za-plemeto-karo-vo-koe-se-ubivale-bebinja-od-najbizarni-prichini-11.jpg

И покрај тоа, добил дозвола за брак, но под еден услов - секое дете што ќе го добие дека ќе се смета за вонбрачно и незаконско. Ќе биде проклето. Ќе биде „минги“.

Буко Балгуда била принудена да гледа како ѝ ги одведуваат децата во смрт.

Во 2012 година племето Каро официјално објавило дека се откажува од практиката „минги“, благодарение на притисокот од локални активисти и невладини организации.

Според некои податоци оваа практика траела до 2014 години.

Повеќе фотографии од ова племе погледнете ТУКА.

Прочитајте и Србинка во посета на племињата во Етиопија: „Жените се радуваат кога ги камшикуваат, ги фрлаат своите деца на крокодили“ (видео)

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Свекрва ѝ ја застрелала 12 пати поради љубомора: Детали за убиството на поранешна мисица од Мексико На морничаво видео од безбедносна камера во домот на убиената мисица се слуша ка...
Жена му починала од рак, сам се грижи за две ќерки: Тажната (и инспиративна) приказна на астронаутот... „Отидов со моите ќерки на прошетка и им реков ’Овде е тестаментот и овде се сите...

Најчитани неделава