Мрак низ улиците на главните градови, блокирани раскрсници: Како Шпанците и Португалците го поминаа прекинот на струја?

Шпанија, Португалија и делови од Франција го поминаа вчерашниот ден без струја. Од утрово, снабдувањето со струја е нормализирано скоро насекаде, но на социјалните мрежи уште се споделуваат фотки и видеа од мракот кој владееше синоќа.

mrak-niz-ulicite-na-glavnite-gradovi-blokirani-raskrsnici-kako-shpancite-i-portugalcite-go-pominaa-prekinot-na-struja-01.jpg

Во понеделникот (28.04) Шпанија, Португалија и делови од југозападна Франција се соочија со прекин на струја.

Беа погодени некои од поголемите градови, како Мадрид, Барселона и Лисабон, каде прекинот на струја предизвика хаос.

Покрај домаќинствата, без струја останаа државните институции, возовите, па и семафорите и милиони луѓе ја поминаа ноќта во мрак.

Утрово околу 6 часот шпанските власти соопштија дека снабдувањето со струја е нормализирано во најголемиот дел од државата, а околу еден час подоцна беше соопштено дека снабдувањето нормализирано и во поголемиот дел од Португалија.

Надлежните очекуваат денес сè да се врати во нормала, но прекинот од неколку часа сепак имаше огромно влијание.

Во Португалија и Шпанија многу луѓе останаа заглавени на аеродромите бидејќи и тие останаа без струја. Имаше хаос и на метро страниците и железничките пруги бидејќи возовите не можеа да возат. Невозможно беше и подигањето пари од банкомати.

Сепак, некои велат дека тоа што немале ни интернет им овозможило да уживаат во денот, па низ парковите на Барселона и Мадрид бил забележан зголемен број на луѓе.

Точната причина за инцидентот засега е непозната. Се претпоставува дека проблемот веројатно потекнува од Шпанија, но надлежните ја исклучуваат можноста за хакерски напад бидејќи не биле најдени докази за тоа.

Се претпоставува дека станува збор за „редок атмосферски феномен“:

„Поради екстремните температурни промени во внатрешноста на Шпанија, имаше аномални осцилации во далноводите со многу висок напон.

Овие осцилации предизвикаа проблеми со синхронизација помеѓу електричните системи, што доведе до проблеми низ меѓусебно поврзаната европска мрежа“, гласи една од официјалните изјави од Португалија.

Според The Guardian, на експертите им е добро познат овој феномен, но била вистинска реткост да се манифестира на толкав размер.

Сепак, надлежните од Шпанија и Португалија истакнуваат дека уште е рано да се зборува за точната причина, како и дека се работи на нејзиното откривање.

Во меѓувреме, жителите, како и туристите во Шпанија и Португалија, споделуваа фотографии и видеа од мракот што ги зафати двете земји.

Се објавуваат и снимки од мигот кога почнува да се враќа струјата, на кои се слушаат и радосни извици.

Дел од објавите во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...

Најчитани неделава