Жена го оставила сопругот и трите деца за маж што го запознала на одмор во Египет - но, зошто се покајала?
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
Јулија Кларк (53) од Велика Британија чувствувала дека нејзиниот брак, кој траел 15 години, станал безживотен и додека била на одмор во Египет запознала локалец кој работел во хотелот каде престојувала, па почнале да контактираат преку Фејсбук. Таа во име на љубовта кон него напуштила сè и заминала во Египет, каде стапиле во брак.
Јулија Кларк (53) од Велика Британија, го оставила својот сопруг Питер и нивните три деца за да започне нов живот во Египет со Ахмед, маж кој го видела на одмор, а го запознала преку Фејсбук, но проблемите започнале веднаш по бракот.
Јулија вели дека сфатила дека нејзиниот долгогодишен брак со Питер станал „безживотен“ додека била на одмор и како еден разговор со вработен во хотел целосно ѝ го сменил животот.
Џулија, била 15 години во брак со Питер (53), имала три деца - Џејмс (34), Мелиса (21) и Амелија (18), но семеен одмор во Египет во август 2016 го променил текот на нејзиниот живот.
„Седев покрај базенот додека Питер и нашите две ќерки се релаксираа во водата. Иако се смеевме и си поминавме убаво, не можев да се ослободам од чувството на осаменост.
Чувствував дека нашиот брак е само заради децата...“
За време на одморот, вработен во хотелот ѝ се приближил и ѝ побарал име и дали има Фејсбук. Таа не размислувала многу и му го дала.
Подоцна, откако се вратила дома, добила покана за пријателство од него, тоа бил Ахмед – вработен во хотелот.
„Тој ми испрати покана за пријателство и почна да ми пишува.
Почнавме да разговараме во октомври 2016. Му кажав за мојот живот и семејство, дека мајка ми претрпела срцев удар... По еден месец ми предложи видео повик.
Потоа, редовно се гледавме на видео и секојдневно си пишувавме.
По три месеци ми рече дека се заљубува во мене, а по пет месеци и јас почнав да чувствувам нешто“, вели Јулија за британските медиуми.
Ситуацијата станала сериозна и таа морала да одлучи што ќе прави.
„Питер знаеше дека разговарам со Ахмед. Еднаш ми рече: Ако сакаш нов живот, оди си.
И бев свесна дека е во право. Се обидов да престанам да комуницирам со Ахмед, но не можев“.
Во март 2017 Јулија и Питер го започнале процесот на развод, а во септември 2018, конечно, отишла во Египет за да го запознае Ахмед како што треба.
„Изгледаше помлад отколку што се сеќавав. Ме одведе во кафуле, ми подари накит, а подоцна и прстен - ме запроси на покрив од еден стан.
Бев изненадена, но прифатив, иако знаев дека не треба да брзаме“.
На секои 8-9 месеци го посетувала Ахмед, а во септември 2020 целосно се преселила во Египет.
„Сѐ оставив зад себе - куќа, деца, семејство. Тоа беше најтешката одлука бидејќи моите деца беа мојот живот“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





