Жена го оставила сопругот и трите деца за маж што го запознала на одмор во Египет - но, зошто се покајала?
Пред да замине, се збогувала со Питер и децата.
„Питер ме однесе на аеродром, ми помогна со куферот, ме прегрна и ми посака среќа. Верувам дека отиде со солзи во очите.
Се чувствував конфузно, ги напуштав моите, но и започнував нов живот...“
Само 12 дена по пристигнувањето Јулија и Ахмед се венчале во Каиро во амбасадата со преведувач.
„Ахмед рече дека не треба нешто посебно да носам, па облеков долг бел фустан.
По венчавката отидовме кај неговата сестра каде што имаше подготвено преубава трпеза“.
Но, токму по бракот започнале проблемите.
„Не сакаше веќе да ме држи за рака во јавност, не излегувавме, а тој исчезнуваше со часови навечер.
Јас веќе страдав од анксиозност, а ова го влоши сето тоа“.
Во 2021 Јулија се вратила во Англија на два месеци.
Кога се вратила назад, Ахмед започнал повторно да се однесува подобро, но тоа било кратко.
Во февруари 2022 ѝ соопштил дека сака да се ожени со Египќанка за да има деца, бидејќи Јулија била во менопауза.
„Тоа ме скрши. Не можев да прифатам дека мојот маж сака да има бебе со друга жена“.
Иако во договорот за исламскиот брак таа поставила услов дека не смее да земе втора жена без нејзина дозвола, Ахмед сѐ почесто зборувал за тоа.
„Му реков дека не можам да го делам. Ми рече да заборавам што кажал, но не можев.
Се оддалечив. Се чувствував како будала.
Питер беше добар човек. Му дадов сѐ на Ахмед - целиот свет. Потрошив шест години од животот, но залудно си го прокоцкав животот“, вели Јулија која сака со својот пример да им посочи на други жени да не избрзуваат со одлуките во животот.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





