Taжната приказна за актерката од Австралија чиј син се самоуби поради булинг - сака да го сочува неговото тело
- Детали
- среда, 04 јуни 2025
Мајка од Австралија собира пари за криогено зачувување на телото на нејзиниот 13-годишен син, кој си го одзел животот по „месеци брутално малтретирање“ oд соучениците. Криозачувувањето подразбира замрзнување на човековото тело веднаш по смртта, со надеж дека идната медицина ќе може повторно да го оживее.
Клер Мекан e актерка од Австралија чиј син Атреју Мекан изврши самоубиство во петокот (30.05), откако долго време бил жртва на булинг од соучениците.
Таа јавно на Инстаграм за нејзиниот син напиша: „Си го одзеде животот по месеци на ужасно малтретирање во неговото државно училиште“.
Мекан откри дека повеќепати барала од училиштето на нејзиниот син и од други инстутуции да интервенираат, но ништо не било направено.
„Никој не презеде ништо. И сега, моето прекрасно момче го нема“.
Таа дури лансираше донациска кампања за криозачувување на неговото тело.
Мекан собира 300.000 австралиски долари за да го зачува телото на нејзиниот син во рок од седум дена и вели „инаку шансата за негово повторно оживување засекогаш ќе биде изгубена“.
Криозачувувањето подразбира замрзнување на човековото тело веднаш по смртта, со надеж дека идната медицина ќе може повторно да го оживее.
„Ако го пропуштиме овој временски прозорец, ја губиме шансата за идно оживување кое науката може да го овозможи. Станува збор за надеж и правда. Одбивам приказната на мојот син да заврши во тишина“, напиша Мекан.
Инаку, таа за австралиските медиуми вели дека нејзиниот син бил изложен на малтретирање уште од првиот ден на средно училиште. Дури и по неговата смрт, ниту еден ученик не бил дисциплиниран.
„Никој од нив не беше суспендиран, никој не беше исфрлен од училиште. Се чувствувам целосно изневерена“, изјави таа.
Се работи на разјаснување на околностите околу смртта на тинејџерот.
„Ве молиме, помогнете ни да го зачуваме нашиот сакан Атреју и да му ја вратиме достоинственоста и иднината што му ја украде неговото училиште“, стои во кампањата.
Единствената криогена установа во Австралија „Southern Cryonics“ е подготвена да се обиде да помогне.
Тие велат: „100% сигурност не можеме да гарантираме. Но, има разумна веројатност“.
Според веб-страницата на компанијата, нивната мисија е да промовираат „научно засновано криогено зачувување како кредибилна опција за продолжување на животот“.
Веб-страницата објаснува дека постапката вклучува обвиткување на телото, постепено ладење во текот на неколку дена, ставање во сад од нерѓосувачки челик и долгорочно чување во течен азот за спречување на распаѓањето на ткивата „со векови, доколку е потребно“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





