„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна грешка“

Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Масаи, па решила да го остави сопругот за него. Извесен период живееле во Кенија, но кога дошле во Англија, новиот партнер станал опседнат со пари и Британката сфатила дека ја искористил за да може да ја напушти својата земја.

se-vljubiv-vo-voin-od-pleme-vo-kenija-gi-ostaviv-soprugot-i-decata-za-nego-no-napraviv-ogromna-greshka01.jpg

Браковите меѓу луѓе од разни националности или вери не се ништо невообичаено. Но, сепак е по малку чудно кога некој ќе ги остави брачниот партнер и децата за личност што ја запознал на одмор, на другиот крај од светот.

Ваков е случајот со Британката Шерил Томасгуд која го оставила сопругот, но и трите деца, бидејќи се вљубила во воин од племе од Кенија.

Љубовната авантура на Шерил се случила во 1990-тите, кога имала 30-тина години, но решила сега да открие што довело до крај на љубовта со Кениецот.

se-vljubiv-vo-voin-od-pleme-vo-kenija-gi-ostaviv-soprugot-i-decata-za-nego-no-napraviv-ogromna-greshka-02.JPG

Што се случило?

Шерил имала 34 години кога отишла на одмор во Кенија. Во ресортот го запознала Даниел Лекименчо – воин од кениско племе од народот Масаи.

Даниел, со уште неколку членови од неговото племе, повремено доаѓал во ресортот каде што била Шерил за да изведува традиционални танци од народот Масаи, како забава за туристите.

Кениецот бил десет години помлад од Шерил, но неговата возраст, и фактот што таа веќе имала сопругот и три деца, не ја спречиле да почне афера со него.

se-vljubiv-vo-voin-od-pleme-vo-kenija-gi-ostaviv-soprugot-i-decata-za-nego-no-napraviv-ogromna-greshka-6.JPG

Набрзо потоа, Шерил се вратила во Англија, но само за да му каже на сопругот дека го остава, па повторно отишла во Кенија, да живее со новиот партнер.

Тој период британските медиуми на големо пишуваа за Шерил и нејзината одлука да го остави семејството и удобниот живот за воин од рурална Кенија.

Во новиот дом, секојдневието на Шерил се состоело од готвење, чистење и ловење со нејзиниот сакан. Спиеле во колиби, на „чаршафи“ од кожа од кози, а главните специјалитети им биле крв од добиток и зелка.

se-vljubiv-vo-voin-od-pleme-vo-kenija-gi-ostaviv-soprugot-i-decata-za-nego-no-napraviv-ogromna-greshka-3.JPG

Очекувано, Шерил не бил најсреќна со овој начин на живот, па му предложила на Даниел да одат во Англија, но и да го прошират семејството.

Во 1995 година, тие дошле во Англија и се венчале на Денот на вљубените, носејќи традиционална облека од народот Масаи. Тие добиле и ќерка, но нивниот брак сепак не траел.

Сега, 30-тина години подоцна, Шерил открива дека се разделиле бидејќи нејзиниот сопруг станал опседнат со пари.

se-vljubiv-vo-voin-od-pleme-vo-kenija-gi-ostaviv-soprugot-i-decata-za-nego-no-napraviv-ogromna-greshka-4.JPG

Во интервју за Daily Mail, таа вели дека сега жали за бракот со Кениецот.

„Направив огромна грешка и многу жалам, особено за тоа колку им наштетив на моите деца. Сега само сакам да се помирам со сето ова.

Мојата врска со Даниел беше луда, стана медиумски циркус, целата земја беше фасцинирана од нас и сега пробувам да сфатам што се случуваше. Платив многу висока цена за да бидам со него“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg