„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна грешка“
Шерил, која денес има 65 години, се раздели од Даниел во 1999-та, само една година откако добија ќерка. Проблемот бил тоа што Даниел се претворил во друга личност откако дошле во Англија.
На почетокот Шерил била привлечена од тоа што чувствувала дека тој вистински ја слуша, но и поради фактот што Даниел не го интересирало ништо материјално.
„Станавме неразделни кратко откако се сретнавме. Ми раскажуваше за животот на Масаите, за нивната култура и како не се опседнати со материјализам.
И, беше и многу искрен… Се вљубив не само во него, туку и верувањата на народот Масаи“.
Но, сето ова се променило кога се преселиле во Англија.
„Во Англија стана друга личност. Мислев дека сум запознала Масаи воин, но завршив со мизерен маж. Постојано се жалеше за нешто и почнавме многу да се расправавме.
Исто така, исчезна неговата духовна страна. Стана опседнат со пари, за да им праќа на роднините во Кенија, сакаше дизајнерска облека и многу поголем дом“.
Поради ова, Шерил почнала да се прашува зошто Даниел воопшто бил со неа.
„Се сомневав дали ме сакаше или само ме искористи за да побегне од Кенија. Штом дојдовме во Англија, најважен беше тој и неговите желби, а постојано сакаше нешто повеќе. Како да не се грижеше за мене“.
По некое време Шерил сфатила дека направила грешка и иако прво пробала да го спаси бракот, сепак одлучила дека мора да стави крај.
„Имаше многу притисок врз нас, но и многу културолошки разлики. Кога отидов во Кенија, бев во лош период од животот, бев заробена во несреќен брак и страдав од проблеми со менталното здравје.
Во Даниел, барав закрепнување, внатрешен мир и духовност и мислев дека го најдов сето тоа. Но, за жал, не траеше“.
Денес Шерил нема никаков контакт со Даниел кој, пак, уште живее во Англија и наводно работи во супермаркет.
На прашањето за што жали најмногу од бурната љубовна авантура, Шерил вели за нејзините деца.
„Не им беше лесно со татко кој е Масаи воин. Даниел го даваше најдоброто од себе, но потекнува од потполно друга култура и не можеше да биде таткото што им е потребен на моите деца.
Тие немаа татковска фигура во животот не само поради Даниел, туку и поради другите два сопруга – беа лоши татковци, а јас не бев психички стабилна за да бидам добра мајка…
Моите деца заслужуваа стабилност и љубов но јас не успеав да им го овозможам тоа. За тоа жалам најмногу, но сите жалиме за нешто, таков е животот“.
Даиел со ќерката што ја добил со Шерил
Сепак, Шерил вели дека денес е во добар однос со своите деца, кои се веќе возрасни, и редовно комуницира со нив.
Спирова С. | Црнобело
