Маж организирал свадба со девојче (9) во Дизниленд, вработените го спречиле и пријавиле: Морничав случај во Франција
Досегашната истрага покажала дека „младоженецот“ го најмил паркот, користејќи лажен идентитет и лажни документи за да добие дозвола за церемонијата.
Покрај 39-годишниот сексуален престапник, полицијата уапсила уште три лица – мајката на девојчето, 24-годишна жена од Латвија која се преправала дека му е сестра на девојчето, како и 55-годишен маж од Латвија кој исто така бил вклучен во „церемонијата“.
Вработените во Дизниленд забележале дека нешто не е во ред пред сите гости, односно платени актери, да влезат во паркот, па веднаш им забраниле влез.
А, ни платените актери немале поим што се случува:
„Мислевме дека ќе треба да одиме на свадба. Сите бевме запрепастени кога сфативме што се случува.
Вработените во Дизниленд покажаа вистинска професионалност – го откажаа настанот веднаш штом сфатија дека невестата е всушност дете“.
Друг платен актер го опишува шокот што се јавил кај сите.
„Видов еден вработен од паркот, со солзи во очите. Потоа еден господин ми пријде и ми рече ’Девојчето има 9 години, го прекинуваме целиот настан!‘“
Многу работи во целата ситуација уште се нејасни.
Мажот секако не би можел легално да се венча со девојчето, но за јавноста не е познато како и зошто мајката дозволила да се организира одвратната венчавка.
Се претпоставува дека можно е да добила финансиска добивка или некакво ветување за државјанство или документи за престој во Франција.
Бидејќи, според надлежните, венчавката требало да се емитува онлајн, можно е целиот настан да бил направен за некоја платформа со педофили.
За мажот и жената од Латвија се претпоставува дека се дел од поголема мрежа за трговија со луѓе.
Истрагата уште трае, а уапсените се во притвор, но некои извори тврдат дека мајката била ослободена.
Спирова С. | Црнобело