Потресно сведоштво за најголемата трагедија со туристи во Тунис: „Се сончавме кога го застрелаа парот до нас“
Додека родителите биле на плажата, Кристал и нејзината пријателка Челзи биле покрај базенот. Кристал, откако дознала што се случува, се обидела да стигне до родителите, но Челзи ја задржала и ја скрила во канцеларија.
Шерон, пак, раскажува како бегала по песокот мислејќи дека ќе биде застрелана секој момент. Дејв ја влечел за рака додека бегале кон друг хотел.

„Само што го видов оружјето, знаев дека не сме безбедни“, вели таа.
Во хотелска соба, сокриени зад блокирана врата, се обидувале да ѝ се јават на ќерка им Кристал, но Шерон не го знаела нејзиниот број на памет.
„Се чувствував како најлоша мајка“.

Кристал, пак, се криела во канцеларија во хотелот додека терористот шетал низ ходниците и дури фрлил граната пред вратата зад која биле скриени со пријателката.
Шерон подоцна сфатила: „Можеби е добро што не ѝ се јавив – да ѝ ѕвонел телефонот, можеше да ги открие“.
По околу еден час, терористот бил убиен од полицијата. Во тој момент, Кристал мислела дека мајка ѝ е мртва.

Кога конечно се сретнале, се прегрнале во „најдолгата прегратка“ што Шерон ја памети.
Шокот не завршил тука. Преживеаните биле пренесени до аеродром под вооружена придружба.

По враќањето во Велика Британија, Шерон страдала од посттрауматски стрес: паника од гужви, гласни звуци, непознати луѓе.
„Се чувствував како да не сум безбедна, како да некој ќе не пронајде...“
Подоцна, во 2019 година, ѝ бил дијагностициран рак на двете гради.
И покрај враќањето на болеста, Шерон успеала да ја победи со хемотерапија, радиотерапија и имунолошка терапија, а сега е здрава повеќе од една година.
Но, таа и понатаму не го зема животот здраво за готово.
„Имам привилегија да живеам – нешто што многумина од тие луѓе во Тунис тој ден не го добија. И морам да си потсетам дека сè што направив тој ден – било правилно.
Затоа што сите ние се вративме дома“.
С. С. | Црнобело