„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била лута
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
„Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На почетокот чувствував лутина и неверување за дрскоста што ми го испрати ова. Сега, кога повторно го читам, сè уште чувствувам дел од таа лутина, но сум благодарна што ми го остави“, вели Елена Ричи (29) од Велика Британија, за партнерот кој си го одзел животот во 2022 година.

Елена Ричи (29) од Велика Британија била комплетно уништена кога во јули 2022 година го загубила својот партнер Чираг (26), со кого била во врска 6 години.
Неколку дена по неговата смрт, таа добила писмо по пошта, кое тој ѝ го испратил пред да се самоубие.

Во писмото ѝ оставил 101 работa што треба да ги направи за повторно да научи да живее, по неговата смрт.
Педесет од нив биле работи кои тие сакале да ги направат заедно, а дополнителни 51 работи биле нешта што Чираг се сеќавал дека Елена ги спомнала, како да се искачи на Килиманџаро, да ја бојадиса косата во русо, но и такви како да оди на состанок и повторно да се заљуби.

Првично, Елена била лута поради писмото и неколку години поминала во лоша состојба и имала тешкотии во справувањето со тагата.
Но, сега, речиси три години подоцна, таа повторно го прочитала писмото и одлучила да започне да ги исполнува задачите кои ѝ ги оставил.

Елена вели:
„Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’.
На почетокот чувствував лутина и неверување за дрскоста што ми го испрати ова.
Сега, кога повторно го читам, сè уште чувствувам дел од таа лутина, но сум благодарна што ми го остави“.

Тој во писмото ѝ напишал:
„Многу ми е жал за тоа што го направив...
Веќе имавме 50 работи што сакавме да ги направиме заедно и се надевам дека ќе ги направиш сама. Додадов уште толку за кои мислам дека треба да ги направиш“.
