„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била лута

imaj-letna-ljubovna-romansa-dechko-i-ostavil-potresno-pismo-na-sakanata-otkako-se-samoubil-so-godini-mu-bila-luta-05.jpg

Дури во јануари оваа година Елена се решила повторно да го прочита писмото, каде што Чираг ѝ препорачал да оди на терапија кај психолог.

По неколку сесии, таа почнала да се соочува со загубата и да се обидува да ги исполни задачите на списокот.

Некои од работите кои веќе ги направила се: „да го прослави својот роденден“, а следно планира да ја бојадиса косата руса и да ја посети некои туристички атракции.

Некои од задачите од списокот на Чираг:

  • Само започни
  • Направи нешто што го мразиш
  • Повторно уживај во својот роденден
  • Доживеј италијанска летна романса пред да наполниш 30
  • Замоли ја мајка ти да ти договори состанок
  • Оди на банџи скокање
  • Сакај повторно
  • Свири гитара и навистина станувај добра
  • Искачи се на Килиманџаро

Елена годинава успеала да го прослави роденденот со пријателките.

„Оваа година го прославив за себе. Претходните години го правев само поради другите. Оваа година – за мене...“

imaj-letna-ljubovna-romansa-dechko-i-ostavil-potresno-pismo-na-sakanata-otkako-se-samoubil-so-godini-mu-bila-luta-07.jpg

Таа признава дека некои работи од списокот ќе ѝ требаат години за да ги оствари, како да купи куќа, но ќе работи на тоа.

Чираг додал и „оди во Бали“, „земи пауза од работа“ и „оди на состанок“.

Елена вели дека сега има повеќе добри денови отколку лоши и чувствува дека не мора повеќе да се чувствува виновно што се радува на животот.

imaj-letna-ljubovna-romansa-dechko-i-ostavil-potresno-pismo-na-sakanata-otkako-se-samoubil-so-godini-mu-bila-luta-06.jpg

„Животот без него изгледа сосема поинаку, но тоа не значи дека не може да го уживам.

Вината нема да ги врати мртвите...“

Таа се надева дека со тоа што ќе зборува за своето искуство, ќе им помогне на другите кои минуваат низ загуба.

„Смртта е табу. А сите се соочуваат со неа.

Мора да се зборува, дури и ако тоа прави луѓето да се чувствуваат непријатно.

Молкот околу смртта ги остава луѓето неподготвени за кога ќе се соочат со неа“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Си поминав ужасно на одмор во Грција“ - Туристка стана мета на потсмев поради бизарните поплаки за ... Британка која била на одмор на островот Крф вели дека ова ѝ било најлошото патув...
Мајка од Велика Британија: „Бев во хотел со 4 ѕвезди во Грција и го имав најлошиот одмор досега“ „Знам дека сум среќна што сум во можност да одам на одмор, а многумина не можат ...
„Имам супериорна меморија – го помнам секој ден од мојот живот, но не можам да ги заборавам и лошите... Ребека од Австралија има таканаречена супериорна автобиографска меморија поради ...
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg