„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била лута

Дури во јануари оваа година Елена се решила повторно да го прочита писмото, каде што Чираг ѝ препорачал да оди на терапија кај психолог.
По неколку сесии, таа почнала да се соочува со загубата и да се обидува да ги исполни задачите на списокот.
Некои од работите кои веќе ги направила се: „да го прослави својот роденден“, а следно планира да ја бојадиса косата руса и да ја посети некои туристички атракции.
Некои од задачите од списокот на Чираг:
- Само започни
- Направи нешто што го мразиш
- Повторно уживај во својот роденден
- Доживеј италијанска летна романса пред да наполниш 30
- Замоли ја мајка ти да ти договори состанок
- Оди на банџи скокање
- Сакај повторно
- Свири гитара и навистина станувај добра
- Искачи се на Килиманџаро
Елена годинава успеала да го прослави роденденот со пријателките.
„Оваа година го прославив за себе. Претходните години го правев само поради другите. Оваа година – за мене...“

Таа признава дека некои работи од списокот ќе ѝ требаат години за да ги оствари, како да купи куќа, но ќе работи на тоа.
Чираг додал и „оди во Бали“, „земи пауза од работа“ и „оди на состанок“.
Елена вели дека сега има повеќе добри денови отколку лоши и чувствува дека не мора повеќе да се чувствува виновно што се радува на животот.

„Животот без него изгледа сосема поинаку, но тоа не значи дека не може да го уживам.
Вината нема да ги врати мртвите...“
Таа се надева дека со тоа што ќе зборува за своето искуство, ќе им помогне на другите кои минуваат низ загуба.
„Смртта е табу. А сите се соочуваат со неа.
Мора да се зборува, дури и ако тоа прави луѓето да се чувствуваат непријатно.
Молкот околу смртта ги остава луѓето неподготвени за кога ќе се соочат со неа“.
С. С. | Црнобело
