Убил 8 жени, ги намамувал во неговиот стан: Кој е „убиецот од Твитер“ што беше егзекутиран во Јапонија?
На Ноќта на вештерките во 2017-та, жената се сретнала со мажот – Такахиро Шираиши – кој ја однел кај него дома.
И, на овој начин, полицијата успеала да го лоцира неговиот стан.
Неколку минути откако жената и Такахиро влегле во станот, дошле и полицајци кои го прашале каде е Аико (исчезнатата 23-годишна девојка).
Тој само им рекол дека девојката е во фрижидерот.
Кога го пребарале станот, полицајците ја нашле Аико, но и остатоци од дури осум други жртви.
Откако бил уапсен, Такахиро признал дека фрлал дел од телата на неговите жртви, но ги чувал коските од страв дека ќе биде фатен.
Подоцна, неговите соседи изјавиле дека им било чудно зошто толку често фрла огромно количество ѓубре, а забележале и дека од неговите вреќи се шири навистина лош мирис.
Тогаш 27-годишниот Такахиро немал некое проблематично детство, но извесен период работел во бордел кој барал девојки за работа.
Почнал да убива во август 2017 година, а неговата прва жртва била девојка која се согласила да излезе на пијачка со него.
Убиецот мислел дека ќе одат на романтичен состанок, но девојката дошла со нејзиниот дечко и ова го разгневило.
Подоцна некако успеал да ја убеди да дојде во неговиот стан, сама, каде што ја убил. Кога подоцна дечко ѝ дошол да ја побара, Такахиро го убил и него.
По ова, почнал да бара жртви на Твитер, односно жени со проблеми со менталното здравје кои размислувале за самоубиство.
Подоцна Такахиро открил дека главниот мотив му бил секс – сакал да ја искористи ранливата положба на жените, да ги манипулира, и да спие со нив.
Но, веројатно ситуацијата секогаш ескалирала, па покрај дечкото и девојката, тој убил уште седум девојки на возраст од 15 до 26 години.
Три години по апсењето, во 2020-та, Такахиро признал вина за деветте убиства, а набрзо потоа беше осуден на смртна казна.
Спирова С. | Црнобело