Ја споредуваат со кукла – Која е новинарката што го остави Трамп без зборови со својата убавина?
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
За време на пренос од Белата куќа, новинарка од Ангола доби комплимент од Доналд Трамп дека е „убава и однадвор и однатре“. Додека дел од јавноста коментира дека тој настан не е ни место ни време за такви комплименти, другите се согласуваат дека новинарката е преубава.

Хариана Верас е новинарка од Ангола со долгогодишно искуство, а неодамна го привлече вниманието на целиот свет поради комплиментот што го доби од американскиот претседател Доналд Трамп.
40-годишната новинарка, која е и наградуван ТВ продуцент е ѕвезда не само во својата земја, туку и низ целиот афрички континет, а покрај нејзината професионалност, не може да се занемари и нејзината убавина.

Токму на ова се однесува и комплиментот што го доби од Трамп и иако некои сметаат дека не бил на место, Хариана и во оваа ситуација се справи мошне професионално.
На 27-ми јуни, новинарката беше во канцеларијата на Трамп во Белата куќа, каде со претседателот разговараа за неодамнешниот мировен договор со Конго.
Но, наместо за тоа, претседателот почна да зборува за убавината на новинарката.

Најпрво Трамп спомна дека слушнал од некој друг дека Хариана е убава, па додаде:
„Навистина си убава. Не смеам да го кажам ова, може да биде крај за мојата политичка кариера. Но, ти си убава и убава си однатре. Посакувам да имаше повеќе репортери како тебе“.
Хариана го прифати комплиментот со насмевка, а се слушна смеа и од останатите во Овалната соба.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:
Видеото од моментот веќе се споделува на социјалните мрежи и додека некои сметаат дека не било ни време ни место за Трамп да го коментира изгледот на новинарката, повеќето се согласуваат дека е вистинска убавица.
Некои ја споредуваат и со кукла.

Хариана е родена во главниот град на Ангола – мајка ѝ била наставничка, а татко и новинар, па одовде и нејзината пасија за оваа професија.
Завршила факултет во родната земја, а потоа продолжила со студиите во Франција.

Таа е во брак има две деца, но и покрај популарноста, особено низ Африка, успева да ја скрие својата приватност.
Покрај работата како ТВ водителка, продуцентка и новинарка, Хариана моментално е и дописник од Белата куќа, со фокус на прашања поврзани со Африка.
Повеќе фотографии од талентираната и убава новинарка:
