Чудни облаци во Португалија, пожари во Грција: Топлотниот бран направи пустош низ Европа (фото+видео)

Португалија

И во Португалија температурата достигнува 40 степени Целзиусови, а деновиве беше забележан и редок феномен предизвикан од топлото време.

Во понеделникот (30.06), во северниот и централниот дел на Португалија биле забележани темни облаци кои изгледаат како огромна ролна.

Овие облаци се формираат кога доаѓа до мешање на воздух со многу поразлични температури.

Облаците биле забележани над морето, а биле придружени со силен ветар кога се приближиле до копното.

Истовремено, во некои области има и пожари.

Шпанија

Во Шпанија беше соборен нов јунски рекорд – беа измерени дури 45 степени Целзиусови во област во Андалузија. Надлежните изјавија дека не очекуваат температурите да се спуштат барем до четвртокот.

За жал, топлотниот бран беше причина за смрт и во Шпанија – починала 51-годишна жена од Барселона.

Германија

Во Германија се очекува температурите да достигнат 40 степени Целзиусови, а поради сушата, во некои области на сила е наредба за разумно користење на водата од реките и езерата.

Топлотниот бран го спуштил и нивото на реката Рајна, што пак создало низа проблеми со транспортот.

Грција

Топлотниот бран ја стигна и Грција, каде веќе неколку дена има пожари поради екстремно високите температури.

Слична е ситуацијата и во Турција, каде биле евакуирани над 50.000 луѓе од областа околу Измир.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава