Чудни облаци во Португалија, пожари во Грција: Топлотниот бран направи пустош низ Европа (фото+видео)
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
Во Италија има поплави, во Португалија се забележани ретки облаци, во Грција има пожари, а во неколку европски земји има и жртви од екстремно високите температури кои на некои места достигнуваат и 46 степени Целзиусови.

Секое лето, температурите рушат нови рекорди, а ист е случајот и годинава.
Деновиве, поголемиот дел од Европа е зафатен од топлотен бран и во некои земји, температурите надминаа и 40 степени Целзиусови.
А, последица од топлотниот бран не е само жешкото време – овде е зголемениот ризик од пожари, но и поплави бидејќи водата испарува побрзо, што создава услови за обилни врнежи.
Високи температури се очекуваат и кај нас, а во некои европски земји веќе владее хаос, па има и жртви.
Дел од најпогодените земји од топлотниот бран:
Италија
По рекордно високите температури, во Италија имаше обилни врнежи од дожд од кои настана поплава. Поплавата, пак, предизвика свлекување на земјиштето, а однесе и еден човечки живот.
Поплавата се случила во град во близина на границата во Франција, а жртвата е 70-годишен маж. Од поплавата биле спасени и 10-тина лица.
Во Болоња, пак, починал 47-годишен маж откако му се слошило поради високите температури.
Низ земјата се забележани и неколку бури, но и пожари.
Франција
Во Франција се очекува температурите да достигнат и 41 степен Целзиусов, на неколку локации има пожари, а поради топлотниот бран, некои атракции, како Ајфеловата кула, се затворени за јавност.

Покрај температурите, се очекуваат и бури кои можат да предизвикаат сериозна штета.
