Куче ѝ ја одгриза горната усна, направи 5 операции за реконструкција: Инспиративната приказна на Бруклин Кури
- Детали
- недела, 13 јули 2025
Во 2020 година, Бруклин Кури била нападната од кучето на нејзината братучетка кое ѝ ја одгризало горната усна и дел од носот. Секогаш позитивна, наместо да тагува, Бруклин решила да го споделува своето закрепнување, заедно со петте операции за реконструкција, па сега е една од најинспиративните инфлуенсерки на Инстаграм.

Бруклин Кури, која е скејтер и модел, само што почнала да ја гради својата кариера кога во 2020 година била нападната од куче.
Во страшниот напад, кучето ѝ ги одгризало горната усна и дел од носот и иако преживеала, останала со деформација на лицето.
Но, наместо да очајува, Бруклин решила да почне да споделува детали од своето закрепнување онлајн, па денес е една од најинспиративните инфлуенсерки.
Направила и операција за реконструкција, а својот Инстаграм профил со половина милион следбеници го користи за да шири позитива.
Детали за страшното искуство и закрепнувањето на младата инфлуенсерка:
Била нападната од кучето на нејзина братучетка
Бруклин отишла на гости кај нејзината братучетка која осум години го чувала своето куче. Кога сакала да го погали, кучето одеднаш изреагирало агресивно и ја нападнало.
„Сао сакав да го погалам кога скокна кон мене. И, буквално висеше, држејќи се за мојата уста. Прво си помислив да легнам на земјата, да му ја фатам главата и да се движам со него.
Конечно, почувствував како ме пушти. И, тогаш забележав како нешто одлета“.
Бруклин вели дека видела крв на сите страни, а нештото што одлетало било нејзината горна усна.
Заедно со откинатата усна, веднаш ја однеле во болница, но, за жал, не можеле да ѝ ја зашијат усната и само ѝ ја средиле раната. Па, Бруклин останал без горна усна и врвот од носот.
„Првпат кога си го видов лицето беше страшно. Но, си помислив дека е време да ја засакам оваа нова верзија од мене“.
Одлучи да направи реконструктивна операција
Во 2021-ва, околу една година по нападот, Бруклин откри дека нашла доктор кој ќе ѝ направи реконструктивна операција. Но, нормално, била исплашена.
„Емоциите ми беа измешани. Бев среќна што ќе правам операција и ќе закрепнам. Но, бев тажна и бидејќи повторно ќе требаше да го ставам животот на пауза додека трае закрепнувањето“.
Бруклин отсекогаш била активна девојка која сака возење скејтборд, сурфање и планинарење, па се плашела дека по операцијата, нема да може да ги прави овие работи и дека ова ќе се одрази на нејзиното ментално здравје.