Куче ѝ ја одгриза горната усна, направи 5 операции за реконструкција: Инспиративната приказна на Бруклин Кури
Во 2021-ва ја направи првата операција
Кон крајот на 2021-ва, Бруклин сподели дека ја направила првата операција.
Докторот искористил кожа од нејзината лева рака за да ѝ направи нова усна и иако операцијата била успешна, Бруклин била изненадена до изгледот.
„Многу луѓе ми велат да не го покажувам лицето поради изгледот. Но, нема да го кријам овој процес бидејќи ако некој кој минува низ ова го следи мојот профил, треба да знае дека не е сам, па ќе споделам сè“, откри таа во Инстаграм објава.
Потоа сподели и повеќе детали за реконструкцијата:
„Искористија кожа од внатрешната страна на подлактницата, како основа за горната усна. Го искористија овој дел бидејќи тука се наоѓа најтенката и најмеката кожа.
Потоа, искористија кожа од горниот дел на раката за да ја покријат основата. Засега закрепнувањето оди добро“.
Неколку месеци подоцна направи операција за реконструкција на носот
Втората операција имала за цел да ја отвори левата ноздра на Бруклин, за да може да дише подобро.
Пред операцијата девојката призна дека овој пат била многу поисплашена.
„Нема да лажам, дефинитивно сум исплашена за следната операција. Иако се сакам себеси и научив да се сакам во секакви ситуации, исплашена сум дека оваа операција ќе ми го деформира лицето повеќе отколку нападот.
Но, му верувам на мојот доктор. Знам дека ова е најдобро“.
По операцијата, Бруклин откри дека е среќна со резултатите.
Со третата операција доби нов нос
Во 2022-ра, на Бруклин ѝ беше направена ринопластика. Носот ѝ беше во првобитната форма, а Бруклин не ја криеше својата среќа.
„Гледајте ми го носот! Убаво е повторно да го видам мојот лик. Операцијата е многу болна, но навистина вреди“.
Уште две операции за реконструкција на усната
Со четвртата операција, докторот подобро ја оформил горната усна на Бруклин, така што отстранил дел од масните наслаги под носот. По закрепнувањето, Бруклин сподели дека е пресреќна што конечно има нова насмевка.
Со последната операција горната усна на Бруклин беше целосно оформена. Набрзо потоа, таа откри дека планира да ја истетовира горната усна, иако уште ја нема направено тетоважата.
На Инстаграм, пак, продолжува со позитивната содржина и постојано споделува детали од своето секојдневие.
Спирова С. | Црнобело