„Ја оставив родната земја и се пензионирав во Кушадаси – сонот се претвори во кошмар откако останав без пари и дом“
Како ова да не било доволно, за време на физикалната терапија Венди паднала и ја скршила раката, па морала да направи уште една операција која чинела неколку илјади евра.
„Бев сама и исплашена. Единствената мисла ми беше дека треба да се вратам во Англија и да најдам работа“.
Венди додава дека тогаш, трошоците за живот во Кушадаси биле двојно пониски од оние во Англија, па била сигурна дека во пензионерските денови никогаш нема да мора да се грижи за пари.
Бидејќи во животот немала сериозни заздравени проблеми, не ни помислила дека некогаш ќе ѝ притреба здравствено и осигурување.
„Како што лежев сама во болница далеку од родната змеја, сфатив дека единствениот начин да си ги платам болничките трошоци е да ја продадам куќата во Турција, но и куќата во Англија“.
По продажбата на двете куќи, Венди ги исплатила долговите, а ѝ останале нешто повеќе од 5.000 евра.
Во октомври 2021-ва се вратила во Англија и сега живее со нејзина пријателка.
„Пред една деценија мислев дека никогаш повеќе нема да мора да работам или да се грижам за пари. Но, сега не можам ни да отидам до маркет. Единствениот начин да преживеам е да работам до крајот на животот“.
Венди вели дека ја споделува својата приказна како предупредување за секој кој планира да се пресели во друга држава.
Односно, сака да ги натера луѓето добро да ги разгледаат опциите за здравствено осигурување бидејќи само еден здравствен проблем може да им го промени целиот живот.
Спирова С. | Црнобело