„Ја оставив родната земја и се пензионирав во Кушадаси – сонот се претвори во кошмар откако останав без пари и дом“
- Детали
- недела, 13 јули 2025
Британка ја напуштила дождливата Англија за да ги помине пензионерските денови во Кушадаси. Но, откако ја удрил камион, морала да плати над 150.000 евра за болнички трошоци бидејќи здравственото осигурување не ѝ било валидно во Турција, па останала без куќа и без пари.

Ретко кој не сонува за куќа покрај море, а британката Венди Вилијамс мислела и дека си го остварила овој сон.
Таа решила да ја остави Англија зад себе и да си купи куќа во Кушадаси, Турција каде што ќе може да ги помине пензионерските денови.
Но, по само пет години, нејзиниот сон се претворил во кошмар – поради сериозна повреда, 67-годишната Венди изгубила сè и морала да се врати во Англија и сега нема ни пари, ни дом.
Венди првпат отишла во Кушадаси пред околу две години и веднаш се вљубила во градот.
„Ги видов песочните плажи, разговарав со локалците, ја пробав храната и знаев дека кога ќе се пензионирам, ќе живеам таму. Купив куќа со две спални за околу 30.000 евра, на 200 метри од плажата.
Направив добра зделка пред градот да стане многу популарен за туристи“, раскажува Венди за британскиот медиум The Sun.
Неколку години пред да се пензионира, Венди одела во вилата на одмор, а потоа, во 2014-та и се преселила таму.
Но, во 2019 година, додека возела велосипед кон својот дом во Кушадаси, Венди била удрена од камион со кој управувал пијан возач.
„Левата нога ми беше искршена. Имав откината артерија и имаше шест скршеници на коската. Кога ме однесоа во болница, лекарите мислеа дека сум мртва“.
На Венди ѝ биле направени неколку операции и поради сериозните повреди, останала во болница скоро цела година.
Но, повредата брзо станала најмалиот проблем на Венди – нејзиното здраствено осигурување не било валидно во Турција, па таа останала со сметка за болница поголема од 150.000 евра.
„Возачот беше пијан и немал осигурување, па немаше како да земам пари од него. Добив само околу 20 евра за несреќата, а сметката од болница беше над 150.000 евра“, раскажува Венди.
За Британците кои се пензионираат во Турција, препорачливо е да си плаќаат приватно здравствено осигурување. Но, Венди немала средства за ова.
„Приватното здравствено осигурување ќе ме чинеше и над 150 евра месечно, па не можев да си ги дозволам“.
Таа излегла од болница во септември 2020-та, но тогаш, пак, не можела да се врати во Англија поради пандемијата.
Што значи, рехабилитацијата морала да ја помине во Турција, што ја чинело дополнителни 15.000 евра.