„Имам супериорна меморија – го помнам секој ден од мојот живот, но не можам да ги заборавам и лошите моменти“
Ребека морала да учи низа техники за релаксација за да може да ги контролира своите мисли и сеќавања.
„На училиште ми беше тешко. Не можам брзо да ги процесирам работите, а во мојот ум се случуваат премногу работи.
Навечер морам да спијам со вклучено радио и слаба светлина. Ако е многу темно или тивко, почнуваат да ми навираат сеќавања и не можам да спијам“.
Ребека вели дека бидејќи премногу живо се сеќава и на лоши искуства, добила дијагноза за посттрауматско стресно нарушување.
„На училиште бев тивка, па бев и жртва на булинг. Неодамна, сестра ми матурираше, па кога отидов во училиштето, ми се вратија сите сеќавања и почнав да плачам и морав да и заминам.
Но, родендените и Божиќ секогаш ми се возбудливи бидејќи се сеќавам на сите. Сепак, некогаш и оваа возбуда може да биде премногу“.
Ребека вели дека почнала да ги чита книгите од серијалот „Хари Потер“ во детството за да може да се смири. По првото читање, ги научила напамет, па, како што открив мајка ѝ, почнала да ги рецитира.
„Кога имаше кошмари во детството, за да ѝ го одвлечеме вниманието, ѝ велевме да почне да ги рецитира книгите, почнувајќи од првото поглавје“.
Мајка ѝ додава дека не знаеле за состојбата на Ребека до 2011 година, кога изгледала емисија за луѓе со супериорна меморија.
„Додека ја гледав емисијата, ми стана јасно дека и Ребека ја има оваа состојба. Толку реално ги помнеше сеќавањата…
Таа беше дијагностицирана со аутизам и опсесивно компулсивно нарушување во тинејџерските години, па мислевме дека тоа им врска со нејзината меморија. Тоа што откривме дека има супериорна меморија беше позитивно искуство. Ја гледав како цути.
Сфати дека сè ѝ се случува поради состојбата, а не бидејќи ѝ фали нешто. Претходно се сомневаше во себе и мислеше дека не е доволно добра, но сега знаеме дека само имала супериорна меморија за која ни самата не била свесна“.
Спирова С. | Црнобело
