„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“
- Детали
- сабота, 12 јули 2025
Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 минути, без разлика што веќе е многу црна. Таа дури има и бенки и израстоци кои можеби се канцерогени, но истакнува дека не може да престане да оди во солариум така лесно.

Со години наназад, дерматолозите апелираат дека користењето солариум е опасно бидејќи го зголемува ризикот од рак на кожата.
Поради ова, оние кои ги користат пробуваат да бидат умерени, но има и луѓе кои како да стануваат зависни од одењето во солариум.
Со ваков проблем се соочува 19-годишната Меган Блејн од Англија која вели дека изминативе две години, секој ден оди на солариум.
И, обично поминувала и до половина час во него.
Меган вели дека сака постојано да има темен тен и дека е свесна дека има проблем, но дека ѝ било тешко да престане.
Таа дури си ставала и инјекции кои го поттикнуваат потемнувањето на кожата.
„Едноставно ми се допаѓа како изгледам со темен тен. Сакам да носам светла облека и ми се допаѓа како темниот тен ги истакнува боите“, вели таа во интервју за Kennedy News and Media.
Меган додава и дека постојано ѝ се чини како да не е доволно темна, па затоа секој ден оди во солариум.
Младата девојка неодамна забележала чуден израсток на нејзината кожа и се исплашила дека можеби има рак.
„Забележав нешто како израсток на кожата, што постојано си ја менува големината. Сакав да одам на лекар, можеби петпати, но секогаш ме фаќа паника пред ординација и си одам дома“.
