„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“
Меган забележала и други загрижувачки промени на кожата, но ни ова не ја одвраќало од намерата оди на солариум.
„Почнав да забележувам нови бенки на грбот, дланките – на целото тело имам бенки. Не знам дали се канцерогени.
Тоа што можеби ризикувам да добијам рак, но сепак сакам да одам во солариум, ме натера да сфатам дека ова е како зависност. Мислам дека никогаш не сум доволно црна“.
„Не знаев скоро ништо за солариуми кога првпат почнав да одам. Првата година одев по половина час, намачкана со бебешко масло. Ми ја зголеми самодовербата.
Кога почнав да гледам резултати и да се чувствувам подобро во своја кожа, почнав да одам почесто. И, набрзо како да заглавив во циклус од одење во солариум и ставање инјекции за потемнување од кои некогаш не можев ни да јадам“.
По две години, Меган вели дека сега конечно ќе се обидува да се ослободи од својата зависност, а своето искуство го споделува на ТокТок.
„По две години, ми се промени ставот за солариумот. Ако можам да се вратам назад во времето, никогаш не би ни почнала. Сега се чувствувам како само да морам да одам во солариум, дури и да не потемнам.
Помладите изгледа дека почесто користат солариум и ова е загрижувачко, бидејќи јас многу лесно станав зависна. Штом ќе легнам во солариум, тешко ми е да излезам. Не му го препорачувам ова на никого – лесно можете да стане зависни како мене“.
https://www.tiktok.com/@blainnyy/video/7506891390022880534
Меган вели дека не може веднаш да престане, но сега барем оди четири дена неделно, а не секој ден. Истакнува и дека веќе не ѝ се допаѓа како изгледа.
„Каде и да одам, луѓето зјапаат во мене. Ми велат дека сум многу црна, но мене ми е тешко да им поверувам. Мене не ми изгледа така, како да сум слепа“.
Покрај критиките, Меган вели дека добива и позитивни коментари кои, пак, ја поттикнуваат да продолжи да се бори со својата зависност.
https://www.tiktok.com/@blainnyy/video/7502085593958976790
Спирова С. | Црнобело
