Браво! Херој од Париз спаси деца и родители од запалена зграда – ги вадел преку прозорец на 6-иот кат (видео)
- Детали
- среда, 09 јули 2025
Минатиот петок, 39-годишен маж од Франција спасил три деца и две возрасни лица од запалена зграда. Им помогнал да излезат од прозорецот на шестиот кат, цело време ризикувајќи да падне од огромна височина.

Французинот Фусејну Сисе веќе е нарекуван херој дури и од претседателот Емануел Макрон, откако си го жртвуваше животот за херојски да спаси луѓе од пожар.
Минатиот петок (04.07) се запалила зграда во Париз, а Фусејну спасил пет лица од стан на шестиот кат.
Од херојскиот подвиг има и снимка која веќе вирално се споделува.
На видеото се гледа како 39-годишниот херој излегува од прозорецот на шестиот кат од соседната зграда и тргнува кон прозорецот од станот кој гори.
Ризикувајќи да падне од огромна височина, тој им сигнализира на луѓето во станот да му ги подадат малите деца од станот.
Најпрво исплашените родители му подаваат мало бебе, кое Французинот го зема во раце и ѝ го подава на личноста што стои на прозорецот од соседната зграда.
На ист начин спасува уште едно бебе и две деца, пред да им помогне на родителите безбедно да преминат кон прозорецот од соседната зграда.
На истото видео се гледа и како маж од подолниот кат фрла неколку предмети преку прозорец од запалената града, пред и самиот да излезе.
По херојскиот подвиг, Фусејну се огласи за француските медиуми.
„Поради густиот чад, родителите и нивните деца ќе се задушеа. Последна надеж беше да скокнат од прозорецот, во спротивно… Не сакав ни да помислам на тоа.
Животите им беа во опасност. Не размислував многу пред да тргнам да им помогнам“.
Херојот, кој работи како воспитувач во градинка, вели дека одмарал од работа кога почувствувал мирис на чад. Тогаш ја здогледал мајката од соседната зграда, како очајно го држи детето покрај прозорецот.
Храбриот Французин ѝ рекол на својата сопруга да излезе од зградата заедно со нивното дете, па веднаш отишол да им помогне на луѓето од соседната зграда.
Според француските медиуми во пожарот нема жртви, но десетина лица биле хоспитализирани поради вдишување чад.
Херојскиот подвиг на Фусејну не останал незабележан од надлежните:
„Импресивна храброст која спаси животи. Фусејну Сисе е херој кој заслужува восхит и признание од Париз“, гласи изјава на француски сенатор.
Како што велат, вооружен само со неговата храброст, Фусејну спасил пет човечки животи, по што добил и телефонски повик од претседателот Макрон.
Според последните информации, на 13-ти јули властите планираат да го наградат херојот и да му дадат медал за неговата храброст.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:
Спирова С. | Црнобело