Девојка од Лос Анџелес за 27.000 евра си купила куќа со 17 соби во бајковито гратче на Сицилија - ја реновира во дом од соништата
- Детали
- петок, 18 јули 2025
„Купив стара распадната куќа во мало сицилијанско село тоа ми донесе повеќе слобода, радост и среќа отколку што некогаш можев да замислам. Во Лос Анџелес сфатив дека не живеам живот каков што сакам“, ја започнува својата исповед Кики Ли (28).

Кики Ли (28) по потекло од Канада, но живее во Лос Анџелес, си купила куќа во италијанско гратче Мусомели, кое се наоѓа на островот Сицилија, за да го создаде својот дом од соништата.
Куќата е 600 години стара, потребно е темелно реновирање, има 17 соби, а ја платила само 27.000 евра.
Кики за овој проект вели:
„Сѐ започна како луда идеја. Секогаш гледав вести за евтини куќи, но никогаш не го сфаќав тоа сериозно.
Живеев во голем град со години, под постојан притисок да следам нечија верзија на успех што воопшто не ми одговараше.
Животот беше скап, пренапорен и без душа.
Доживеав многу загуби и болка, и кога конечно ја кренав главата и вистински погледнав околу себе, сфатив дека не живеам живот каков што сакам“.

Кики ја купила куќата следејќи го нејзиниот инстинкт, во потрага по посмирен начин на живот.
„Работев напорно, ми одеше добро, но да поседувам дом, а уште помалку дом од соништата, секогаш изгледаше недостижно.
Не можев да оправдам да дадам половина милион долари за нешто што не беше ништо посебно.
А потоа сфатив дека за мал дел од таа сума можам да поседувам буквално дел од историјата на Сицилија“.

„Во Лос Анџелес киријата ми изгледаше како месечна казна за тоа што останувам на место каде не напредувам. Не беше одржливо ниту финансиски, ниту емоционално.
Во ЛА, сѐ беше во брзина – брза храна, брза мода, брз успех.
Во Мусомели, времето изгледа како да тече побавно.
Ќе готвам повеќе, ќе шетам повеќе, ќе зборувам со соседите, ќе организирам вечери наместо да скролам на Инстаграм. Секојдневието ќе ми биде исполнето со поврзаност, креативност и мир“.


Со заштедата Кики планира целосно да ја ренвира куќата, да има СПА со џакузи, сауна и бар.
