Загина мажот кој пред 12 години скокна од работ на вселената: Со параглајдер паднал врз жена, откако имал срцев застој

Кратко по трагедијата, кратка изјава даде нуркачот Кристијан Редл, кој му беше ученик на Феликс:

„Секогаш беше свесен за ризиците – многу размислуваше и внимателно го планираше секој скок“.

detali-za-smrtta-na-chovekot-koj-skokna-od-rabot-na-vselenata-so-paraglajder-padnal-vrz-zhena-otkako-imal-srcev-zastoj-06.JPG

Познат по екстремните скокови и слични адреналински авантури, Феликс навистина секогаш внимателно се подготвувал за секој свој подвиг.

За скокот од „работ на вселената“ во 2012-та, Феликс се подготвувал повеќе од една деценија.

Тогаш Феликс паѓаше кон Земјата подолго од четири минути, а се движеше толку брзо, што ја проби звучната бариера. Односно, за време на падот ја надмина брзината на звукот.

detali-za-smrtta-na-chovekot-koj-skokna-od-rabot-na-vselenata-so-paraglajder-padnal-vrz-zhena-otkako-imal-srcev-zastoj-03.JPG

Откако Феликс станал сигурен дека сака да го изведе скокот, подготовките траеле околу две години. Постојано планирал, правел тестови, а имаше изјавено и дека многу луѓе се сомневале дека ќе го изведе скокот, што донекаде е и очекувано.

По историскиот скок, Феликс изјави дека секако бил свесен за ризиците и отворено зборуваше за начините на кои би можел да умре за време на скокот.

„На таа височина, тешко е да се е преживее. Ако заштитниот костум не работи или се оштети, крвта ќе почне да ми врие и ќе умрам за 15 секунди. Постои можност и падобранот да не се отвори или да почнам да се вртам неконтролирано.

Ако се случи тоа, целата крв ќе ми отиде во черепот и по одредено зголемување на крвниот притисок, може да излезе од само едно место – очите“.

Феликс изјави дека се консултирал и со лекар кој му дал донекаде „добри“ вести – што и да му се случи, смртта ќе настапи за 15-тина секунди, па нема да се измачува.

detali-za-smrtta-na-chovekot-koj-skokna-od-rabot-na-vselenata-so-paraglajder-padnal-vrz-zhena-otkako-imal-srcev-zastoj-08.JPG

„На денот на летот, се разбудив во 2 часот по полноќ, добив информации за временските услови и ми направија лекарски тестови. Ми го облекоа заштитниот костум и ме ставија во капсулата. Штом балонот (со капсулата) полета, почувствував ослеснување“, раскажуваше Феликс по скокот.

detali-za-smrtta-na-chovekot-koj-skokna-od-rabot-na-vselenata-so-paraglajder-padnal-vrz-zhena-otkako-imal-srcev-zastoj16.JPG

Искачувањето до стратосферата траеше 90 минути, што му дало време на Феликс да почне да си поставува секакви прашања, како дали ќе стигне до потребната височина и дали ќе успее да ја отвори вратата од капсулата.

Иако секој од нас би паничел на таа височина, Феликс вели дека кога конечно ја отворил капсулата, се почувствувал смирено.

„Погледнав нагоре и небото беше црно. Беше многу тивко. Можев да го слушнам сам моето дишење. Беше многу мирно“.

Феликс почнал да скока со падобран на само 16-годишна возраст и оттогаш пробал низа екстремни спортови.

Има срушено 14 светски рекорди, а во 2007 година стана првата личност која скокна од познатата кула Taipei 101 во Тајпеј, Тајван.

Овој подвиг му донесе забрана за влез во земјата.

detali-za-smrtta-na-chovekot-koj-skokna-od-rabot-na-vselenata-so-paraglajder-padnal-vrz-zhena-otkako-imal-srcev-zastoj-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...

Најчитани неделава