„Директорот се крие зад стакло откако го фатија како изневерува“ – Смешни мемиња за љубовниците од концертот на Coldplay
- Детали
- петок, 18 јули 2025
Дали сериозно пробува да се скрие зад стакло? Сигурно вака се крие на денешните состаноци... Адвокатот за развод кој го најмила сопругата на директорот сега слави победа, а таа ќе тежи 600 милиони долари наскоро благодарение на Coldplay... – интернетот е преплавен со смешни мемиња за колегите љубовници кои беа фатени во афера на концерт на Coldplay.

На концертот на Coldplay, ненамерно беше разоткриена љубовна афера на директор и колешка, а пејачот Крис Мартин додаде масло на оганот кога на шега рече „Или имаат афера или се многу срамежливи“.
Сепак, излезе дека веројатно имале афера, со оглед на тоа што двајцата се во брак со други личности, а на концертот се прегрнуваа како да се цел живот заедно.
Фатени на дело: Директор и колешка љубовници, уловени на камера на концерт на Coldplay (видео)

Аферата на директорот на милијардерска компанија Astronomer, Енди Бајрон и колешката Кристин Кабот, шеф на оддел за човечки ресурси, беше откриена на видео пред цел свет, а интернетот не ги поштеди од шеги на нивна сметка и станаа вирален хит.

На социјалните мрежи без престан се споделуваат мемиња на кои никој не може да остане рамнодушен.
Машината за мемиња не застанува, погледнете дел од нив – сигурно ќе ве насмеат (на туѓа мака):
Директорот кој се обидува да се скрие зад стаклена бариера откако го фатија на дело. Те молам...

Фотографија од директорот на Astronomer и главната на одделот за човечки ресурси на неделниот состанок со вработените
Сопругата на директорот си го тргна презимето од сопругот на нејзиниот Фејсбук профил
Мажот чија жена вчера отишла на концерт на Coldplay со шефот, откако ќе отвори интернет: