Британка (65) критикувана за дечкото (44) од Африка: „Му давам пари и му купувам подароци, сите мислат дека ме користи“
- Детали
- недела, 27 јули 2025
65-годишна жена од Англија го запознала 44-годишниот Ебрима кога била на одмор во Гамбија. Почнале врска на далечина и додека жената тврди дека е среќна, нејзиното семејство се сомнева во намерите на Африканецот бидејќи постојано ѝ барал пари.

Британката Зена пред две години била на одмор во Гамбија и овде го запознала Ебрима – 21 година помлад маж кој работел како келнер во ресортот во кој отседнувала.
65-годишната Британка сега е во врска со него и вели дека иако блиските ја критикуваат, таа е пресреќна.
Како што раскажува за британските медиуми, Ебрима прв ѝ пришол – ѝ подарил букет цвеќе по што ја поканил на вечера.
Зена, која има четири деца од претходен брак, вели дека по разводот не сакала да излегува со мажи на нејзина возраст и дека врската со 44-годишниот Ебрима е совршена.
Тие имаат врска на далечина – додека Ебрима е во Гамбија, Зена е во Англија.
„Кога го сретнав, си помислив дека изгледа како добра личност. Висок е и згоден. Отидовме на неколку состаноци и оттогаш сме во врска.
Не ме привлекуваат мажи во 60-тите години од животот. Сите се ќелави и во лоша физичка форма. Но, не сакам ни многу млади мажи – најмногу сакам нешто помеѓу“.
Британката открива дека имала три долги врски кои завршиле со скршено срце и дека Ебрима е оној кој ѝ ја вратил верата во љубовта.
Сепак, нејзиното семејство се сомнева во намерите на 44-годишниот Африканец и веруваат дека ја искористува. Притоа, тие откриле и дека тој има таен профил на Фејсбук кој го криел дури и од девојка му.
Зена, пак, вели дека ги игнорира и дека сака да го опсипува партнерот со подароци. Во двете години што се заедно, таа му купила скап смартфон и му испраќала и над 1.000 евра за родендени, празници и за неговото сиромашно семејство во Гамбија.
Тој дури ѝ побарал и околу 3.000 евра за да отвори своја такси компанија во родната земја.
„Во одлична форма е и многу ме привлекува. Но, кога објавив неколку фотки од нас на Фејсбук, многу луѓе ме критикуваа дека ме користел за да добие државјанство во Англија. Некои ми велеа и дека сум ’секс турист‘.
Но, ова не е воопшто точно. Јас сум дарежлива личност и ако на некој му требаат пари, ќе му дадам“.
Дури и мајката на Зена била разочарана од врската на ќерка ѝ и се надевала дека барем нема да се венчаат.
„Јас сум уверена дека дечко ѝ има уште барем четири други жени кои ги натерал да му праќаат пари како ќерка ми“.
И ќерката на Зена има изјавено дека не е најсреќна за врската на мајка ѝ, особен бидејќи Ебрима ѝ бара пари.
„Мислам дека мајка ми не размислува рационално, но се надевам, за нејзино, добро дека ние грешиме. Сепак, тоа што ѝ бара пари за мене е ’црвено знаменце‘“.
Во британско реално шоу, каде Зена ја раскажа својата љубовна приказна, нејзиниот сакан вели дека сонува да дојде во Англија.
„Овде (во Гамбија) имаме ужасни плати и многу зависиме од бакшиш. Сите ги сакаат англиските туристи бидејќи даваат големи бакшиши.
Зена е многу добра со моето семејство. Понекогаш ми помага со пари и облека – сега барем не морам да купувам облека“.
Што се однесува до тајниот Фејсбук профил, Зена вели дека била разочарана, но сепак му простила.
Зена го има посетено саканиот неколкупати откако ја почнале врската, но засега немаат откриено што планираат за во иднина и дали можеби ќе се венчаат.
Прочитајте и: „Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна грешка“
Спирова С. | Црнобело
