„Опседнат сум со Labubu – потрошив над 20.000 долари за колекцијата, одам и во други држави за да ги купам“
- Детали
- среда, 23 јули 2025
Млад Американец признава дека станал опседнат со Labubu куклите и во потрага по ексклузивни играчки, чија цена некогаш надминува 1.000 долари, патувал дури и до Европа.

Labubu манијата не ја одмина ни Македонија и препознатливите кукли како да се сеприсутни на социјалните мрежи.
Куклите што ги произведува кинеската компанија за играчки Pop Mart се достапни на пазарот уште од 2019 година, но сега веќе се хит ширум целиот свет.
Цената на оригиналните играчки варира во зависност од големината – генерално, приврзоците се најевтини, но има и доста скапи кукли кои се сметаат за ексклузивни.
Бидејќи сепак не се и така евтини, повеќето си купуваат само една Labubu играчка.
Но, Американецот Енсито самиот вели дека станал опседнат со играчките, па веќе потрошил мало богатство за неговата колекција.
Енсито од Северна Каролина е до толку опседнат со играчките, што тргнал на пат околу светот за да ги купува куклите од разни држави.
Вели, првпат слушнал за играчките во 2024 година и тогаш не му било јасно зошто некои луѓе ги сакаат.
„На почетокот мислев дека се малку чудни, па и грди да бидам искрен“.
Но, кога бил на одмор во Лондон, пријател го замолил да му купи Labubu играчка и Енсито тогаш ги засакал.
„Чекав во редица цели три часа, за додека да дојдам на ред, сите играчки да бидат продадени. Не го заборавам тој момент“.
Кратко потоа, тој нашол онлајн продавница за Labubu играчки, си купил и оттогаш не престанал.
„Колку подолго ги гледав, толку пошармантни ми изгледаа. Набрзо почнав да ја гледам уметноста во секоја различна кукла“.
Енсито признава дека го привлекува и фактот што сега играчките се како статусен симбол, особено откако богатите жени и девојки почнаа да ги носат како украси за нивните скапи дизајнерски чанти.
Енсито решил да си направи колекција со играчките и досега има купено над 30 кукли, а потрошил нешто повеќе од 20.000 долари.
„Секоја кукла си има свој карактер и се многу повеќе од колекционерски предмет. Ми се допаѓа креативноста зад целиот серијал. Експресивни се без да кажат збор“.
Енсито патувал низ САД, а посетил неколку европски држави, вклучувајќи ги Англија, Италија и Франција, за да најде ексклузивни изданија на популарната играчка.
Па, покрај парите што ги трошел за куклите, потрошил огромна сума и за самите патувања.
„Закажувам цели патувања за да си ја пробам среќата во продавници на Pop Mart и да најдам ексклузивни, локални модели. Секоја посета на продавницата ми е како лов на богатство.
Во зависност од моделот на куклата, цената се движи и до 1.500 долари, додека за хотели плаќам и до 300 долари од ноќ.
Секако, сакам секое патување да го ги искористам максимално и не одам во некоја држава само за Labubu. Но, куклите ми се ’хајлајт‘ на патувањето“.
Енсито открива дека добива и критики за неговата опсесија.
„Некогаш луѓето не ме разбираат, особено кога ќе слушнат по колку пари давам и колку далеку сум отпатувал.
Но, јас им велам – секој си има интерес. Некои сакаат мода, некои сакаат спорт, мојот интерес е Labubu“.
Енсито има и ТикТок профил каде што ги покажува играчките што веќе ги има, а снима и видеа кога оди да купи нови.
Прочитајте и: Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“?
Спирова С. | Црнобело