Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ме пријави за силување“
Сара почнала да му забранува да си го гледа семејството, па тој морал да се искрадува од дома ако сакал да ги виде родителите или брат му.
„Еден Божиќ, дојде брат ми со мојот мал внук. Брат ми ми рече дека сака јас да му ги дадам подароците за Божиќ на внук ми – тогаш имаше две или три години.
Навистина сакав да ги видам, но Сара ми рече дека не може. И рече ако отидам да ги видам, ќе ме пријави во полиција за силување“.
Неколкупати Сара го избркала Гарет од дома и тогаш престојувал кај родителите, па тие станале свесни за неговата состојба.
„Мајка ми ме молеше да ја оставам Сара. Пробував да ја убедам дека не е некој сериозен проблем. Но, потоа Сара почна да ми забранува и да користам телефон ако таа не е во собата со мене.
Кажуваше и дека ќе стави камери низ домот. Тогаш почнав да права скриншоти од разговорите со неа и да ѝ ги праќам на мајка ми“.
Со ова, Гарет почнал да собира докази против Сара и по некое време, собрал храброст и да замине од домот.
Се обратил кај здружение за заштита од семејно насилство од каде што го советувале со себе да понесе само неопходни работи – пасош, телефон, паричник и возачка дозвола.
„Сара ми го имаше скриено пасошот, но знаев каде е. Отидов во спалната, го зедов пасошот од нејзината ноќна масичка и го ставив во панталоните.
Ѝ кажав дека ќе одам во библиотеката да работам и таа ми рече да се вратам за четири часа. И, излегов. Прво ѝ се јавив на мајка ми и само ѝ кажав дека успеав.
Веднаш повикав полиција и потоа почнав да плачам. Полицијата ми зеде изјава. Сара ми ѕвонеше неколкупати, но полицајците ми рекоа да не ѝ одговарам. Беа шокирани. На крај само кажаа дека ќе ја уапсат“.
Гарет смета дека е време да се ослободиме од стигмата околу семејното насилство и да прифатиме дека некогаш и мажите може да бидат жртви.
Се надева дека со неговото јавно зборување ќе ги поттикне и другите жртви да побараат помош.
„Колку повеќе мажи зборуваат за ова, толку повеќе жртви ќе се охрабрат. Во ред е да кажете дека не сте добро“.
Спирова С. | Црнобело
