Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ме пријави за силување“
- Детали
- недела, 31 август 2025
Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка која го малтретирала и физички и психички. Вели дека сега, откако се ослободил од пеколот, сака да ги охрабри и другите жртви, и мажи и жени, да истапат и да побараат помош ако трпат насилство од партнерот.

Семејното насилство е сериозен проблем и факт е дека доста често насилниците поминуваат неказнето.
Некогаш жртвите се плашат да пријават бидејќи добиваат закани за нивната, но и безбедноста на нивните семејства. Но, има и ситуации кога надлежните служби потфрлаат и ги банализираат обвинувањата.
Факт е и дека во општеството, семејното насилство уште претставува табу-тема и сите сме сведочеле на ситуации кога јавноста наместо да ја поддржи, ја обвинува самата жртва.
Во повеќето вакви ситуации, жртви се жените, а насилници се мажите. Но, има случаи и каде што мажот е жртва на семејно насилство. Проблемот е што многумина не веруваат дека маж може да биде малтретиран од жена, па не само што не им веруваат, туку и ги исмејуваат мажите жртви.
Токму затоа, Британецот Гарет Џонс решил јавно да ја сподели својата приказна.
Тој трпел физичко и психичко насилство од неговата поранешната партнерка Сара Ригби, но собрал храброст да ја пријави, како и да го раскаже неговото потресно искуство.
Гарет ја запознал Сара на апликација за состанување и вели дека на почетокот нивната врска била добра.
Се гледале околу два месеца, пред да одлучат да се вселат заедно. Но, штом почнале да делат дом, однесувањето на Сара се променило.
Сара почнала да го контролира секој аспект од неговиот живот, вклучувајќи и кога може да јаде и кога може да се тушира.
Бидејќи толку многу му ја ограничувала храната, за помалку од една година колку што биле заедно, Гарет ослабел дури 20 килограми.
Постојано го навредувала, а му се заканувала дека ќе го обвини за силување доколку каже што се случува во нивниот дом.
За Daily Mail, Гарет вели дека насилството почнало речиси веднаш откако се вселиле заедно.
Најпрво, Сара не му давала клуч од нивниот дом, а честопати не му дозволувала да седи дома ако таа е излезена.
Исто така, го натерала и сите негови предмети да ги чува во гаражата бидејќи ѝ пречеле.
Сара го присилувала и да троши многу пари за неа – во една пригода го натерала да ѝ купи чанта од 2.000 долари
Имало и ситуација кога го избркала од дома додека се туширал.
„Останав на улица само по долна облека. Одбиваше да ми дозволи да се облечам…
Но, секогаш многу ми се извинуваше. Ми велеше дека минувала низ тежок период, дека ќе ѝ помине. И навистина верував дека е само период и дека ќе го надмине.
Кога сте заробени во таков меур, тешко ја гледате реалноста“.
Сара била физички насилна и многупати го удирала и го гребела. Некогаш го терала да спие на подот, без воопшто да му даде постелнина.
