„Имав огромно чело, ме исмеваа на училиште и затоа си направив операција“
- Детали
- сабота, 30 август 2025
„Чувствувам дека конечно можам слободно да прошетам по улица, без да се плашам дека ветрот ќе ми ги измести шишките и ќе ми го разоткрие челото, ниту да бидам под стрес кога ќе ми се наводени косата на одмор“, вели Клои Вокер (34) од Велика Британија.

Клои Вокер (34) од Велика Британија, мајка на две деца, за магазинот TheSun проговори дека си направила операција за намалување на челото, „отстранувајќи“ 2.5 сантиметри од челото.
Таа уште како дете чувстувала несигурност во врска со своето чело, децата ѝ се потсмевале и тоа ѝ ја рушело самодовербата.

Како дете, на училиште во една пригода еднаш некој се пошегува: ‘Ако ни снема хартија, ќе продолжиме да пишуваме на главата на Клои’“.
Со години се чувствувала несигурно бидејќи челото ѝ било изложено и вели дека потрошила илјадници шишиња лак за коса за да ги задржи шишките на место и да го скрие челото.
Клои дури едитирала фотографии од себе за да го намали челото.
„Се плашев дека ќе ми стане уште полошa мојата параноја околу челото, дури и ветерче ме паничеше кога ќе излезев од дома.
Секогаш носев бандана на челото на одмор.
Им реков дека не сакам да ми изгори скалпот, но всушност го криев предниот дел од главата...“

Клои отишла во клиника во Лондон, каде побарала процедура за намалување на челото.

„Лежев таму, а не знаев што точно ми прават на главата. Мирисите беа чудни, тоа беше мирис на изгорена кожа, а звуците исто така беа чудни“.
Со операцијата го намалила нејзиното чело од 9cm на 6.5cm, но закрепнувањето не беше лесно.
Првите четири дена беа ужасни со оток и модринки, беше тешко да се спие, а не можев да ја мијам косата цела недела.
По повеќе од еден месец од операцијата, сè уште не го чувствувам горниот дел од главата, но лузната изгледа одлично. Знам дека ќе треба 6 до 12 месеци целосно да закрепнам“.

„Овие третмани обично ги спомнуваат мажи. Се чини дека е прифатливо мажите да си прават нешто на линијата на косата, но не размислуваме како се чувствуваат жените... Затоа и зборувам јавно“.
Инаку, високото чело обично е наследно и многу жени го имаат, а може да се коригира со трансплантација на коса или со процедура која буквално ја „влече“ линијата на косата надолу. За ова потребна е добра еластичност на скалпот. Процедура како онаа на Клои.

С. С. | Црнобело
