„Имам џуџест раст, а сопругата е со просечна висина – и нашите деца го наследија моето нарушување“
- Детали
- сабота, 13 септември 2025
Кристијан Гарсија не дозволил неговиот џуџест раст да му биде пречка во животот, па денес е во среќен брак, има две деца кои го наследиле нарушувањето, како и армија фанови на Инстаграм.

Кристијан Гарсија од САД е маж со џуџест раст кој со сопругата и двете деца е Инстаграм сензација.
Иако страда од ретко нарушување, Кристијан не дозволил тоа да управува со него, па го живее животот со полни гради.
Во детството се соочувал со злобни коментари и вели дека луѓето до денес „зјапаат“ во него на улица, но неговата самодоверба не се руши и тој секогаш е оптимист.
Сопругата Џенисер Гомез, која е со вообичаен раст, ја запознал преку заеднички пријател и вели дека веднаш се вљубиле еден во друг.
Заедно се скоро цела деценија, а во 2017 година добија ќерка, Камила.
Нарушувањето на Кристија е наследно, па и тој и сопругата биле свесни дека можно е нивното дете да биде со џуџест раст.
И, дознале дека ќерка им Камила го има нарушувањето уште пред да се роди.
Сепак, Кристијан вели дека воопшто не жали за тоа.
„Ќерка ми веќе покажува самодоверба како мојата. Знам дека и да се соочи со нешто негативно, тоа ќе ја направи посилна, како што ме направи мене.
Можеби ќе има поразлично детство, но јас сум овде да ја водам во животот“.
Што се однесува до сопругата, Кристијан вели дека во животот немал поголема поддршка од неа.
Уште од денот кога се запознале, му станало јасно дека не е личност која суди самo по изгледот и дека има големо срце.
Во 2021 година, Џенисер и Кристијан добија уште едно дете, исто така со џуџест раст.
И, велат дека сега пробуваат да ja зголемат свесноста за луѓето со ова нарушување.
„Ние сме уникатно семејство. Сакаме што сме различни и што можеме да ја зголемиме свесноста“.
Со повеќе од 250.000 следбеници на Инстаграм, Кристијан вели дека секако се соочува и со лоши коментари.
Но, истакнува дека тоа се зборови на луѓе кои не го ни познаваат, па затоа не им обрнува внимание.
Сепак, растењето со нарушувањето не е најлесно, но Кристијан со задоволство ги споделува предизвиците.
На пример, вели дека поради формата на нозете, децата со џуџест раст побавно учат да одат. Тие имаат и помалку сила во нозете и колковите, што може дополнително да им го отежни одењето.
Но, Кристија, сопругата, како и нивните деца, ја имаат целата поддршка и љубов што м треба.